
Проект „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“ (статус: имплементација)
Проектот „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“ е спроведуван од Здружение Икуалити со поддршка од Helvetas, во рамки на проектот „Образование за вработување во С.Македонија, фаза 2“.

Инклузивна детска драмска група (статус: завршен)
Здружение Икуалити во соработка со Театар за тебе креираа инклузивна детска драмска група, која ќе им даде можност на децата со различни попречености да ги развијат своите таленти и способности, како и да се запознаат со глумата како уметност и преку заедничка работа со своите врсници да станат новите ѕвезди на драмската сцена.

Проект ПАРК НА ЕДНАКВОСТА (статус: имплементација)
Проектот „Изедначување на пристапот на лицата со попреченост до урбаниот простор преку изградба на Парк на еднаквост во Општина Кисела Вода“ е поддржан во рамки на програмата „Полска помош“.

ZEN* – Мода од иднината (статус: тековен)
ЗЕН* – Мода од иднината, првиот македонски и регионален бренд за адаптивна облека од воведната категорија висока мода, првенствено наменета за лица со попреченост, но не исклучиво, понудена на локалниот и светскиот пазар.

Фестивал inFusion – Фестивал за инклузија(статус: тековен)
Фестивалот Инфјужн е едногодишен настан, инициран од Здружението Икуалити, со цел поттикнување културна платформа за пошироко општествено интегративно делување.

Проект ID: CITIZEN ( статус: имплементација)
Проектот ID: CITIZEN ќе поттикне инклузивност и пристапност за лицата со попреченост во Македонија, Полска, Унгарија, Словачка.

Проект ЈАС ТИ НИЕ ТИЕ МОЖЕМЕ ( статус: имплементација)
Проектот „ЈАС, ТИ, НИЕ, ТИЕ МОЖЕМЕ“ ќе овозможи размена на иновативни и инклузивни практики и методологии во пристапот, комуникацијата и работата на социјалните, медицинските и образовните професионалци со млади лица со попречености.

ДИГИТАЛНА ИНКЛУЗИЈА: Проектирање дигитални алатки за лица со попречености (статус: завршен)
Дигитална инклузија е краткорочен проект, реализиран во рамки на долгорочниот проект СИГНАЛ и се реализира во соработка со Здружението Визија Плус и со поддршка на Општина Кисела Вода.

ПАТУВАЧКА ИЗЛОЖБА – „Живеј со стил – поддржи различности“ ( статус: завршен)
Патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“ е со мисија да ја промени перцепцијата на општеството за лицата со попреченост, кои од набљудувачи се преобразуваат во иницијатори на општествената интеграција, позитивните промени и високите човекови вредности.

Проект Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците (статус: завршен)
Проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците” има за цел да ја поттикне мобилноста на младите, кои преку своето проактивно делување ќе придонесат кон општествениот напредок.

Инклузивна новогодишна забава (статус: тековен)
Здружението Икуалити, преку Новогодишната инклузивна забава, има за цел да стави фокус на создавање на платформа за промоција на еднакви можности и отворено општество водена од потребите за социјализација, прифаќање и разбирање токму на децата и најмладите.

Мисија: Љубов, Сила, Слобода ( статус: фаза на финансирање)
Општествено одговорен проект, кој ќе произлезе од општествено-влијателниот проект ЗЕН, преку кој сите инволвирани, поддржувачи и симпатизери директно ќе влијаат оваа мисија да се оствари.

СИГНАЛ ! (статус: фаза на финансирање)
„Сигнал“ интернет и мобилната алатка ќе овозможи соодветна инклузија во јавните и здравствените сервиси на лицата со попреченост во времетраењето, но и по пандемијата COVID-19.

Вклучи, не исклучувај (статус: завршен)
„Вклучи, не исклучувај“, проект за социјална инклузија е инициран од Плакарт – Здружението на графички дизајнери, а реализиран во соработка со Здружението Икуалити.