Пребарај

Проект „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“ (статус: имплементација)

Проектот „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“ е спроведуван од Здружение Икуалити со поддршка од Helvetas, во рамки на проектот „Образование за вработување во С.Македонија, фаза 2“.

Проектот „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“ е спроведуван од Здружение Икуалити со поддршка од Helvetas, во рамки на проектот „Образование за вработување во С.Македонија, фаза 2“.

На пазарот на трудот во С. Македонија денес се соочуваме со предизвици како: бран на исселување и brain-drain помеѓу младитенедостиг на квалификувана работна сила во различни области, вклучително гранки во кои постои голема побарувачка на работна сила, како и неретко недоволно адаптираните стратегии на бизнис секторот за раст на продуктивноста и мотивација на вработените. Несомнено, ова се должи и на различните стереотипи во општеството за одредени работни позиции, професии и на флуктуирањето на работната сила, како во рамки на една индустриска гранка, така и помеѓу браншите.

Мисија

Проектот има за цел да ги идентификува предизвиците и стереотипите при вработување на млади, жени и лица со попречености, а следствено да помогнат на работодавачите во процесот на стратешкиот пристап во унапредување на политиките за човечки ресурси.

Активности

  1. Анализа на трендовите на пазарот на труд и идентификување на постоечки стереотипи и потреби за зголемена вработливост во соодветни сектори и професии. Спроведување на два прашалници, наменети за компании од целните сектори, високо образовни институции, жени, лица со попречености, млади и студенти.
  2. Проектирање, продукција и промоција на видео-продукти во рамки на кампања „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“. Продуцирање на 5 иновативни и креативни видео продукти, кои ќе имаат за цел да ја зголемат заинтересираноста кај целните групи за различните професии кон кои се пристапува стереотипно од страна на лицата пристапувачи кон пазарот на труд, но ќе се посвети внимание и на темата за несоодветно обраќање од компаниите при привлекување потенцијални нови вработени во земјата.

Мото на кампањата: #ПрофесииБЕЗграници #УМЕАМиСАКАМ #професионалци #иЈАСсумЕксперт #поблискуДОдома #МојотПотенцијалМојаАмбиција

Целни групи

Компании од целните сектори и млади кои се дел од високото-образование или се пред вклучување на пазарот на труд, жени, лица со попреченост

Донатор

Проектот е поддржан од швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“ имплементиран од Хелветас.

Место на имплементација – територијален опфат

Скопје, Битола, Кавадарци – Македонија

Временска рамка

Октомври 2025 – Март 2026

Повеќе за проектот:

Проект „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.