Пребарај

Информации за испорака

По направената нарачка, ќе добиете меил за потврда на успешноста на нарачката, само доколку сте регистриран корисник. Доколку направите нарачка како посетител на нашата веб страна, потврдата ќе се прикаже на вашиот дисплеј откако ќе ја завршите нарачката. Наш оператор ќе ве исконтактира само доколку има проблем со достапноста на производите. Доколку нарачката е направена во петок после 16 часот или во текот на викендот, операторот ќе Ве исконтактира во работен ден. Во период на распродажба, ќе бидат испорачани само производите кои се достапни на залиха.

Курирската служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16 часот. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок за испорака е до 5 работни дена.

Минималниот износ за нарачка е 400 денари, а испораката е бесплатна за цела Македонија за порачки со висина над 2000 денари.

Трошокот на испорака за нарачки над 2000 денари е обврска на Здружението Икуалити во првиот обид за достава. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за контактирање на клиентот, а клиентот сака да ја добие истата, трошокот за повторна испорака е на товар на клиентот.

Доколку е потребна замена на големина која била испорачана од страна на Здружението Икуалити соодветно на барањето во порачката, тогаш трошокот за враќање и преземање нова големина го презема самиот купувач.

Здружението Икуалити ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина или модел. Повеќе детали за може да пронајдете во Условите на користење.

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.