Пребарај

Проект Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците (статус: завршен)

Проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците” има за цел да ја поттикне мобилноста на младите, кои преку своето проактивно делување ќе придонесат кон општествениот напредок.

Проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците” има за цел да ја поттикне мобилноста на младите, кои преку своето проактивно делување ќе придонесат кон општествениот напредок. Низ 5 форуми, во 5 општини ширум земјата, Зен 2.0 Караванот предводен од Здружението ИКУАЛИТИ ќе ја негува инклузијата и ќе им пружи поддршка на младите лица кои ќе бидат вклучени во процесот на изнаоѓање стратешки решенија за различни општествено релевантни теми, кои се од големо значење пред се за младите, а и за сите останати учесници во општествениот живот.

Мисија

Мисијата на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците” е да се креира успешен модел на соработка, со цел отпочнување на позитивни промени со кои ќе се создадат услови во државата, во кои младите имаат широк опсег на можности за постојано унапредување и успешно креирање на сопствени приказни.

Резултати

Дваесет млади од 5 општини(Кисела Вода и поширокото подрачје на Скопје, Гостивар, Битола, Куманово, Струмица) во текот на овој проект ќе добијат можност да идентификуваат различни проблеми и да поттикнат позитивни промени во нивната околина. Позитивната трансформација ќе биде поткрепена со соработка и поддршка од страна на општините и локалните власти. Во текот на целиот процес, Здружението ИКУАЛИТИ ќе ги стави во центар на вниманието самите млади, нудејќи им менторство, можности за вмрежување и обуки за ментален и физички имунитет.

Како финална задача, предвидено е работење на конкретни прашања од широкиот опсег на општествено живеење, каде што младите ќе имаат можност да делуваат како инспиратори и покренувачи на промени преку креирање на стратешки решенија за предизвиците и прашањата кои ќе ги идентификуваат како најзначајни. Посветувајќи се на оваа иницијатива, истовремено ќе добијат и можности за унапредување на своите лични и професионални вештини, кои ќе им служат и во иднина за континуирано активно учество во различни области од општествениот живот.

Донатор

Проектот е поддржан од European Endowment for Democracy, а имплементиран од Здружениете Икуалити.

Место на имплементација

Скопје, Гостивар, Битола, Куманово, Струмица

Временска рамка

Септември 2023 година – Март 2025 година

Повеќе за проектот:

Проект Зен 2.0 Караван

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.