Пребарај

Проект ПАРК НА ЕДНАКВОСТА (статус: имплементација)

Проектот „Изедначување на пристапот на лицата со попреченост до урбаниот простор преку изградба на Парк на еднаквост во Општина Кисела Вода“ е поддржан во рамки на програмата „Полска помош“.

Проектот „Изедначување на пристапот на лицата со попреченост до урбаниот простор преку изградба на Парк на еднаквост во Општина Кисела Вода“ е поддржан во рамки на програмата „Полска помош“.

Паркот, кој ќе се уредува во Општина Кисела Вода, ќе содржи интегративни содржини, ќе биде урбано уреден, ќе ја поттикнува креативноста кај наjмладите и децата и ќе има за цел да ги едуцира и информира посетителите за значењето на учењето и осознавањето преку игра, релаксација и интегративни катчиња. Преку разновидни содржини и можности за интегративно дружење, овој парк ќе поттикне заедништво и ќе ја оживее можноста за поврзување со природата во Скопје.

Мисија

Проектот предвидува создавање на урбан парк, кој ќе биде наполно пристапен архитектонски, како и со лесен приод во сите негови содржини, но и пристап до паркинг места, вклучително за возачи со попречености.  Паркот ќе биде отворен и за домашни миленици.

Овој проект е пример за јавно-приватна соработка на невладина организација и локална самоуправа, во соработка со локални фирми, кои ќе создадат општествено значаен проект, кој ќе содржи карактеристики и на знаменитост, а ќе биде корисен од заедниците од општините Кисела Вода, Аеродром, Центар, како и поширокото подрачје на Скопје, но и ќе поттикнува интеграција и дружење како кај најмалите од 1,5 годишна возраст, така и поради атрактивноста и функционалноста и кај повозрасните.

Донатор

Проектот е поддржан од Амбасадата на Република Полска, во рамки на програмата „Полска помош“, а ќе го имплементира Здружението Икуалити во соработка со Општина Кисела Вода.

Место на имплементација

Скопје, Македонија

Временска рамка

Август 2025 – Март 2026

Повеќе за проектот:

Проект Парк на еднаквоста

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.