Пребарај

СИГНАЛ ! (статус: фаза на финансирање)

„Сигнал“ интернет и мобилната алатка ќе овозможи соодветна инклузија во јавните и здравствените сервиси на лицата со попреченост во времетраењето, но и по пандемијата COVID-19.

„Сигнал“ интернет и мобилната алатка ќе овозможи соодветна инклузија во јавните и здравствените сервиси на лицата со попреченост во времетраењето на пандемијата COVID-19 и потоа, како и спречување на маргинализацијата, односно овозможување поефикасно и поефективно третирање на потребите на оваа општествена група.

Истата ќе има за цел да биде мостот – посредната алка помеѓу институциите од една страна и лицата од маргинализираните групи на граѓани од другата страна. Создавањето на оваа алатка во времето на пандемијата на вирусот COVID-19 ќе биде од особено значење за излегување во пресрет на потребите на лицата за попреченост, но и за намалување на нивното маргиналзиирање и создавање можност за позитивен третман на нивните основни потреби.

Воедно за вклучените институции и органи реализирањето на овој проект ќе претставува позитивитен пример за општествена одговорност кон категоријата на граѓани за која од особен интерес е намалување на стигматизацијата и неправедниот третман.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.