Пребарај

Проект „Магијата на Преспа – инклузивна програма за одржлив туризам и културна креативност“ (статус: активен)

Проектот „Магијата на Преспа – инклузивна програма за одржлив туризам и културна креативност“ е 12-месечен проект, кое претставува прва интегрирана програма кој интегрира одржлив туризам, културно-уметничко изразување и социјална инклузија.

Проектот „Магијата на Преспа – инклузивна програма за одржлив туризам и културна креативност“ е 12-месечен проект на Здружението Икуалити во партнерство со Здружението „Иднина на традицијата“ од Ресен, претставува прва интегрирана програма кој интегрира одржлив туризам, културно-уметничко изразување и социјална инклузија.

Мисија

Проектот се фокусира на развивање на нови туристички производи, зачувување на природните и културните ресурси, подобрување на животниот стандард на локалното население и привлекување нови туристи во Преспанскиот регион.

Активности

1. Две еднодневни едукативни работилници за културното наследство на Преспанскиот регион и изработка на рачни творби со примена на техниката „бакрорез“, кои ќе ја поттикнат културната креативност кај туристите, но и населението од Преспанско-пелагонискиот регион. Истите ќе имаат за цел да ја негуваат локалната традиција, а истовремено ќе поттикнат економското и професионалното зајакнување на жените претприемачки и даватели на туристички услуги.

Предводено од: Здружението Икуалити и Здружението Иднина на традицијата

Период : Мај и Ноември 2026 г.

2. Две еднодневни работилници за арт-терапија. Со примена на различни уметнички техники и инспирација од локалните природни ресурси на Преспанскиот регион, локалните жители и туристи, ќе творат заедно, истовремено делувајќи на своето ментално здравје и благосостојба. Овие активности ќе посветат особено внимание на активно вклучување на младите и лицата со попреченост, негувајќи интегративност преку заедничкото создавање.

Предводено од: Здружението Икуалити и Здружението Иднина на традицијата

Период: Јули 2026 г. и Јануари 2027 г.

3. Тридневен retreat настан за унапредување на менталното и физичкото здравје. Овој настан ќе овозможи простор за личен развој, јакнење на социјалните врски и зајакнување на самодовербата. Retreat настанот ќе поттикне инклузивна атмосфера која ги поврзува учесниците преку методи за ментална благосостојба и физичка активност, со цел да придонесе кон поголема социјална интеграција и подобрување на квалитетот на живот во заедницата, со особен акцент на негување на животната околина и градење на индивидуални и групни човекови потенцијали.

Предводено од: Здружението Икуалити

Период: Септември 2026 г.

4. Две спортско-рекреативни велосипедски тури “Преспански авантури” за домашните и странските туристи и локалното население, кои ќе овозможат инклузивно и активно учество на сите, вклучувајќи лица со и без попречености. Двете тури ќе опфатат посета на живописни и автентични предели на Преспанскиот регион, вклучувајќи 3 велосипеди, од кои 1 адаптиран (handbike) велосипед за лица со попречености и ќе завршуваат со пикник на избрани локации покрај Преспанското Езеро, каде што учесниците можат да се релаксираат, да разменуваат искуства и да ја зајакнат свеста за потенцијалите на регионот.

Предводено од: Здружението Икуалити и Здружението Иднина на традицијата

Период: Октомври 2026 г. и Февруари 2027 г.

Целни групи

„Магијата на Преспа“ ќе придонесе за подобар квалитет на живот на локалното население, преку директно учество на млади, жени и лица со попреченост како и позиционирање на Преспа како атрактивна и интегративна туристичка дестинација.

Донатор

Проектот е дел од програмата #EuforPrespa, поддржана од Delegation of the European Union to North Macedonia, a реализирана од УНДП во партнерство со другите вклучени страни.

Место на имплементација – територијален опфат

Општина Ресен – Регион на Преспа, Македонија

Временска рамка

Мај 2026 – Февруари 2027

Повеќе за проектот:

Проект „Магијата на Преспа“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.