Пребарај

Фестивал inFusion – Фестивал за инклузија(статус: тековен)

Фестивалот Инфјужн е едногодишен настан, инициран од Здружението Икуалити, со цел поттикнување културна платформа за пошироко општествено интегративно делување.

Мултикултурниот пристап на inFusion – Фестивалот на инклузија, од основањето во 2022 година, служи како оригинален и атрактивен модел за општествена соработка и интеграција, инспирирана од страна на маргинализираните групи граѓани за сеопфатно влијание на целокупниот општествен и културен развој. Инспиративната фестивалска програма поттикнува учество на лица со различен социјален статус и на различни возрасти, негувајќи го пристапот на еднакви можности и промовирајќи ја социјалната инклузија како интегрален процес на современото живеење и највисоко ниво на културни вредности.

Мисија

Фестивалот Инфјужн е едногодишен настан, инициран од Здружението Икуалити, со цел поттикнување културна платформа за пошироко општествено интегративно делување со цел намалување на дискриминација и стигматизација, зголемување на довербата и емпатијата и мотивацијата помеѓу сите општествени учесници. Во процесот Икуалити ги вклучува и локалните самоуправи, бизнис секторот и Министерството за култура, со цел позитивно активното вклучување на културните установи, што на долг рок ќе допринесе кон одржливоста на резултатите на проектот, придонесувајќи кон динамичен и сеопшт кохезивен развој на културата, со вклучување на сите општествени учесници.

Резултати

  1. Република Македонија – прва земја во регионот со инклузивен и интеграциски културен
    фестивал „inFusion – Фестивал на инклузијата“ кој зближува, соединува и поттикнува нова енергија во
    градот и државата, преку разноврсни инеграциски креативни работилници, изведбени
    перформанси и содржини од ликовна, музичка и филмска уметност кои имаат за цел
    континуирано да ја развиваат и промовираат културата во државата во различни области.
  2. Збогатени културни содржини во државата кои поттикнуваат инклузивност и интеграција на социјално
    ранливи категории како активни учесници преку директно учество на установите од областа на
    културата.
  3. Лицата од социјалната маргина – наши нови идоли, перцепирани како независни и правично
    третирани, со право на соодветен третман, почитување на нивните вродени човекови права и
    достоинствен живот.
  4. Прокреативно и активно подигнување на јавната свест за социјализација, намалена
    дискриминација и стигматизација од страна на општеството и институциите, со што се
    овозможува поинклузивна средина.
  5. Солидарно и взаемно кохезивно општествено делување преку активностите од културен
    карактер, вклучително уметничка област, како и конференции, семинари, работилници, но и
    со употреба на современи методи на дигитална уметност, современи медиуми, концерти и
    филмски проекции.
  6. Мисија: Љубов, Сила, Слобода за креирање на општествено одговорна унија меѓу
    општинските власти, здруженијата од заедницата и бизнис секторот.

Донатор:

Проектот е поддржан од Општина Кисела Вода, Министерство за култура, Прокредит Банка, КБ Прво пензиско друштво, ЕВН. Дополнително во историјатот на фестивалот како партнери се јавуваат и Општина Аеродром, приватни компании од секторот – банкарство, автомобилска индустрија, печатници, услужна дејност и др.

Место на имплементација

Скопје, Македонија

Временска рамка

Тековен, едногодишен проект. Првиот фестивал се одржа во октомври 2022 година во Општина Аеродром.

Повеќе за проектот:

Фестивал на инклузија 2022-2025

Фестивал inFusion – од 2025

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.