Пребарај

Мисија: Љубов, Сила, Слобода ( статус: фаза на финансирање)

Општествено одговорен проект, кој ќе произлезе од општествено-влијателниот проект ЗЕН, преку кој сите инволвирани, поддржувачи и симпатизери директно ќе влијаат оваа мисија да се оствари.

Општествено одговорен проект, кој ќе произлезе од општествено-влијателниот проект ЗЕН, преку кој сите инволвирани, поддржувачи и симпатизери директно ќе влијаат оваа мисија да се оствари. Повеќе за ЗЕН

Дефиниција на мисијата

Љубов – како манифестација на најубавата енергија која оваа планета ја носи кон прекрасна иднина. Како емоција која инспирира да се движиме напред. Како пружање и возвраќање, како подобро утре, подобра егзистенција, слобода, сила и живот полн светлина.

Сила – како манифестација на нашата животна енергија. Како симбол на самостојноста во себереализацијата, себеразвојот. Како моќ да се справуваме со сите предизвици, како начини за преминување преку сите препреки. Како цел кон која стремиме, за да си дозволиме љубов и слобода.

Слобода – како алатка за постигнување на нашето највисоко Јас. Симбол на силните и заљубените. Како предуслов за среќа, подобро утре и подобар свет.

Мисија – движење

Љубов, Сила, Слобода ќе претендира да се наметне како движење, како мисија на оние кои се стигматизирани, отрфлени, маргинализирани и игнорирани. Проект кој ќе инспирира, промовира емпатија, поддршка и ќе биде мостот помеѓу општеството и лицата кои копнеат кон целта – да бидат силни, љубени и слободни!

Независно од социјалниот статус, потеклото, расната, верската определба, возраста, полот и сексуалната определба.

Оригиналност, хуманост, кохезија

Овој проект ќе понуди начини за енергетско поврзување, начини за забава и интеракција, начини за рушење на стереотипите и бариерите. Настан кој ќе инспирира да креираме подобро општество, подобра иднина, поголема социјална кохезија и почит кон секоја единка!

Временска рамка

Настанот ќе се одржува еднаш годишно и во помали епизоди периодично и ќе се преобрази во традиционална манифестација, симбол на Љубовта, Силата и Слободата!

Иницијалниот настан ќе се одржи во текот на летото 2021 година.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.