
Mеѓународниот проект KA210-YOU „ЈАС, ТИ, НИЕ, ТИЕ МОЖЕМЕ“ имплементиран во партнерство од страна на Здружение Икуалити (МКД), Stowarzyszenie Rozprawy o Europie (ПОЛ) и Ayuntamiento de Alzira (ШПА). Проектот „ЈАС, ТИ, НИЕ, ТИЕ МОЖЕМЕ“ ќе овозможи размена на иновативни и инклузивни практики и методологии во пристапот, комуникацијата и работата на социјалните, медицинските и образовните професионалци со млади лица со попречености, дури и во недоволно развиени услови, во сите три земји-партнери – Македонија, Полска и Шпанија.
Мисија
Во фокусот на проектот е професионалците од трите земји, Македонија, Полска, Шпанија, споделувајќи искуства и позитивни пракси низ 3 кампа во истоимените земји, да се стекнат со ефикасни инклузивни алатки и пристапи за комуникација, пристапување и работа со млади лица со различни попречености. Централно место во овие здружени напори ќе земе и ко-креирањето на „Прирачник за поддршка олеснување на социјалните, медицинските и образовните професионалци во работата со млади лица со попречености“, чие креирање ќе произлезе директно од животните искуства и низ процесот на заедничко учење.
Резултати
Овој проект ќе стреми кон ќе поттикне меѓусекторска соработка за подобрување на социјалните, здравствените и образовните услуги во пристапувањето, комуникацијата и работата со млади лица со различни попречености, на инклузивен начин; ќе создаде можности за учесниците да се стекнат со практични вештини и инклузивни методологии; ќе креира простор за професионална и културна размена и создавање на долготрајно влијание преку споделување на позитивни и иновативни практики.
Очекуваните резултати: 1. Зголемени капацитети на 3-те организации за имплементирање на меѓународни проекти. 2. Подобрени вештини на 18 професионалци кои работат со млади лица со попреченост во кампот и подобрени методи/практики за професионалци во социјални/здравствени и образовни институции. 3. Директно учество на најмалку 30 лица со попреченост со посебни потреби. 4. Зголемена свест преку продуцираниот документарец.
Донатор
Проектот е кофинансиран од Европската Унија, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, имплементиран од Здружение Икуалити во соработка со Stowarzyszenie Rozprawy o Europie и Ayuntamiento de Alzira.
Место на имплементација
Скопје, Македонија / Алзира, Шпанија / Киелце, Полска
Временска рамка
Февруари 2024 година – Февруари 2025 година
Повеќе за проектот: