Пребарај

Инклузивна детска драмска група (статус: завршен)

Здружение Икуалити во соработка со Театар за тебе  креираа инклузивна детска драмска група, која ќе им даде можност на децата  со различни попречености да ги развијат своите таленти и способности, како и да се запознаат со глумата како уметност и преку заедничка работа со своите врсници да станат новите ѕвезди на драмската сцена.

Здружение Икуалити во соработка со Театар за тебе  креираа инклузивна детска драмска група, која ќе им даде можност на децата  со различни попречености да ги развијат своите таленти и способности, како и да се запознаат со глумата како уметност и преку заедничка работа со своите врсници да станат новите ѕвезди на драмската сцена.

Театар за тебе преку игра, креативност и хумор го поттикнуваат развојот на имагинацијата, социјалните вештини и културните навики кај најмладите. Преку вклучување на различни реквизити, сценографија и костими се стремат да креираат незаборавна и забавна атмосфера не само за децата, туку и за нивните семејства и пошироката заедница.

Инклузивната детска драмска група е отворена и пристапна за деца со било каква попреченост од 6 до 12 години. Часовите ќе се одвиваат секој понеделник, во просториите на Здружението Икуалити во Аеродром, започнувајќи од 15 септември. 

Мисија

Во овој проект со поддршка од едукаторите и актерите од Театар за тебе и нивното долгогодишно искуство, децата ќе имаат можност да следат часови по глума, сценско движење, танц и сценско говорење, како и да научат да ја совладаат тремата и да ја развиваат самодовербата. Како дел од часовите, тие ќе можат и да се едуцираат на различни општествени теми преку едукативните работилници со поддршка од Здружението Икуалити. 

Оваа група претставува прекрасна можност за најмалите да ги унапредат своите уникатни способности, да создаваат вистински пријателства и заедно да креираат магична театарска приказна. 

Донатор

Проектот ќе го имплементираат Здружение Икуалити во соработка со Театар за тебе.

Место на имплементација

Скопје, Македонија

Временска рамка

Септември 2025 – тековен

Повеќе за проектот:

Инклузивна детска драмска група

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.