
Во организација на Здружението Икуалити се одржа дебатата на тема „Проектирање на дигитални алатки за лица од ранливи категории и лица со попречености“, која е дел од проектот СИГНАЛ и има за цел да поттикне решенија во дигиталниот свет за поголема независност и активна вклученост на лица со различни попречености.
Мисија
Дигитална инклузија е краткорочен проект, реализиран во рамки на долгорочниот проект СИГНАЛ и се реализира во соработка со Здружението Визија Плус и со поддршка на Општина Кисела Вода. Крајната цел на проектот е да се создаде апликација која ќе има за цел да одговори на потребите на лицата од ранливите категории, како во рамки на пристапување кон услугите на локалните власти, така и на централно ниво.
Оригиналност, хуманост, кохезија
Овој проект има за цел да поттикне дебата на темата „Дигитална инклузија“ и да даде клучни препораки за пристапни дигитални алатки и услуги на локални и државни служби.
Дебатата, која се одржа на 9 април 2025 година во Домот на култура „Билјана Беличанец“, ги опфати предизвиците на лицата со попреченост во дигиталниот свет, вклучително значењето на технологијата како клуч за подобра достапност на дигиталните и интернет алатки во нудењето јавни сервиси за сите граѓани, како и можните решенија за подобрување на дигитална пристапност во Општина Кисела Вода и можности за репликабилно решение на подрачјето на Град Скопје и пошироко низ Македонија.
Место на имплементација
Дом на култура „Билјана Беличанец“, Општина Кисела Вода, Скопје.
Временска рамка
Ноември 2024 година – Мај 2025 година
Повеќе за проектот: