Пребарај

ZEN* – Мода од иднината (статус: тековен)

ЗЕН* - Мода од иднината, првиот македонски и регионален бренд за адаптивна облека од воведната категорија висока мода, првенствено наменета за лица со попреченост, но не исклучиво, понудена на локалниот и светскиот пазар.

ЗЕН* – Мода од иднината, првиот македонски и регионален бренд за адаптивна облека од воведната категорија висока мода, првенствено наменета за лица со попреченост, но не исклучиво, понудена на локалниот и светскиот пазар.

Мисија

Надредена мисија на ZEN* – Мода од иднината е менување на квалитетот на животот на луѓето и подобрување на самодовербата, значително влијаење на социјализацијата, независноста и намалување на психолошкиот притисок.

Производството ќе се одвива низ високотехнолошки процеси, поттикнато од домашна квалификувана работна сила, со силно вклучување и поддршка на лицата со попреченост. Со потенцијал за прогресивен развој и скалирање и тенденција за увоз и споделување на најсовремените светски трендови и знаење. Конечно, промоција на земјата како потенцијална локација за инвестирање во слични или сродни индустрии.

Целни групи

Примарна целна група

  • лица со попреченост со физичка попреченост во екстремитетите до 80% и за лица кои се облекуваат со помош до 100%. Доминантно од развиените земји.

Секундарна целна група

  • сите потенцијални потрошувачи постари од 14 години кои сакаат да носат модерна, функционална, еколошка и супер кул облека.

Иновација

ZEN* – Мода од иднината ќе поставува нови светски стандарди во квалитет и иновативност во процесот на производство на специфичната категорија облека.

Материјалите и додатоците, користени во производството, ќе ги следат врвните стандарди за категоријата облека наменета за лица кои седат и пријатно сензорно искуство – Sensory Friendly, прилагодено во строго контролиран индустриски процес за квалитет и долготрајна употреба.

Една од приоритетните цели е учинок во намалувањето на негативното влијание на текстилната индустрија како втор загадувач во светот – контролирано користење на водните ресурси и драстично намалување на штетните гасови во атмосферата.

Донатор

Проектот е поддржан од Фонд за иновации на Македонија, Донаторски Кружок. Како најголем донатор и основач на брендот се јавува Здружението Икуалити.

Место на имплементација

Скопје, Македонија

Временска рамка

Тековен, едногодишен проект. Првиот фестивал се одржа во октомври 2022 година во Општина Аеродром.

Повеќе за проектот:

ZEN колекција и ТВ емисија

ZEN* – Мода од иднината / Прва ревија ZEN Soirée

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.