Позитивни искуства за образовните, социјалните и здравствените работници од посетата на Шпанија

Од 15 до 19 септември, во Алзира, Шпанија, се одржа вториот од вкупно три транснационални кампа како дел од проектот „ЈАС, ТИ, НИЕ, ТИЕ МОЖЕМЕ“, која имаше за цел истражување на позитивни инклузивни практики за унапредување на вештините на професионалните лица од образовниот, социјалниот и здравствениот сектор од Македонија, Шпанија и Полска.









