Здружението Икуалити, во соработка со Stowarzyszenie Rozprawy o Europie и Ayuntamiento de Alzira, ги повикува лицата со попречености и социјални, здравствени и образовни професионалци кои работат со млади лица со попреченост, да учестваат во две меѓународни анкети, за подобрување на практиките за работа со млади лица со попреченост.
„Јас, Ти, Ние, Тие МОЖЕМЕ“ е меѓународен проект кој воведува иновативни практики и методологии во начинот на кој социјалните, медицинските и образовните професионалци пристапуваат, комуницираат, им помагаат и ги поддржуваат младите лица со различни попречености – дури и во средини со недоволно развиена инфраструктура. Проектот исто така ја подигнува свеста кај јавноста и креаторите на политики, промовирајќи создавање на инклузивна и охрабрувачка средина која поттикнува самостојност, достоинство и подобар квалитет на живот за лицата со попреченост.
Како дел од истражувачката фаза, спроведуваме две меѓународни анкети за развој на практичен Прирачник за професионалци кои работат со млади лица со попреченост (PwD) на возраст од 8–28 години, вклучувајќи и лица со посебни образовни потреби (ПОП).
Ве покануваме да учествувате и да придонесете кон позитивна промена:
Анкета 1: За лица со попреченост (PwD)
Наменета за млади лица (8–28), оваа анкета собира лични искуства од областа на образованието, здравствената и социјалната заштита. Членови на семејството или асистенти можат да помогнат при пополнување.
Ако сте лице со попреченост – вашиот глас е многу важен! Споделете ги вашите искуства, потреби и предизвици – за да ни помогнете подобро да разбереме како професионалците можат поефективно да ве поддржуваат.
Анкета 2: За професионалци
Отворена за едукатори, терапевти, психолози, социјални и медицински работници и сите други кои работат со лица со попреченост. Споделете ги вашите професионални искуства, практики и идеи за унапредување.
Ако сте социјален работник, медицински професионалец, терапевт, едукатор или специјален едукатор кој работи со лица со попреченост – вашиот придонес е клучен! Помогнете ни да ги подобриме алатките, методите и пристапите што ги користите во секојдневната работа за вашата поддршка да биде уште поефикасна.
Вашиот придонес ќе помогне да се креира подобра поддршка, да се поттикнат системски општествени промени, да се влијае на развојот на меѓународни обуки и да се зајакнат инклузивните практики на национално и на ниво на ЕУ политики.
Краен рок: 10 септември 2025 година
Пополнете ја анкетата: АНКЕТА 1 (за лица со попречености): https://shorturl.at/yXSxe или АНКЕТА 2 (за стручни лица од социјалниот, здравствениот и образовниот сектор): https://shorturl.at/TvqEr
Зошто ова е важно
Оваа активност е од суштинско значење за вкупното влијание на проектот. Таа директно придонесува кон:
Креирање подобрени, хумани методологии за инклузија
Идентификување на клучните предизвици и добри практики во образованието, здравството и социјалната поддршка
Зајакнување на капацитетите на професионалците и организациите во трите земји на ЕУ
Изградба на заедничка база на знаења за подобро креирање политики на ЕУ и национално ниво
Надминување на јазот меѓу поразвиените и помалку развиените системи преку прилагодливи пристапи
Бидете дел од креирањето на поинклузивни услуги и градењето на подобра заедничка иднина!
*Проектот е кофинансиран од Европската Унија, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, имплементиран од Здружение Икуалити во соработка со Stowarzyszenie Rozprawy o Europie и Ayuntamiento de Alzira.