Пребарај

Успешно завршена првата фаза од Еразмус КА2 проектот “I, You, We, They CAN”

Првиот од трите транснационални кампови се оддржа во Скопје, а истиот започна со инспиративен форум како завршна активност на 4. inFusion - Фестивал на Инклузија.

🤝 Во текот на вториот ден ги споделивме нашите искуства и гледишта, и ја истакнавме потребата за подобрување на условите за вклучување на лицата со функционална различност во сите општествени сфери. 

На првата средба присуствуваа претставници од Општина Кисела Вода, кои им ги претставија на учесниците иницијативите на кои работат во областа на активно вклучување на лицата со попреченост во општеството. 

Средбите продолжија со претставници од Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, како и со учество на директорот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

🏢 Третиот ден беше посветен за студиски посети на релевантни здруженија и институции:

– КРИК Центар за окупациона терапија.
– Монтесори центар.
– Дневен центар Доза Среќа.

Тие се посветени на рекреација и поддршка на лицата со попреченост.

Разговаравме за предизвиците и недостатоци што постојат во системот, разменивме мислења и искуствата во пристапувањето на лицата со попреченост, вклучително и функционални методологии и стратегии спроведени во Македонија, Шпанија и Полска.  

✈️ Во втората фаза од проектот, ќе имаме можност да искусиме добри системски практики кои се применуваат во Шпанија(Алзира, регионот на Валенсија), додека во третата и последна фаза, фокусот ќе биде на запознавање со успешни примери од Полска(регионот на Киелце).

Проектот има за цел, преку размена на добри практики и создавање на Прирачник за службите од социјалната, образовната и здравстената област да се унапреди квалитетот на услуги, комуникацијата и пристапот на стручните лица кон лицата со попреченост.

🌍 Со нетрпение очекуваме да продолжиме со учење, размена и споделување на искуства за создавање на подобар, поемпатичен и инклузивен свет.

Бидете дел од креирањето на поинклузивни услуги и градењето на подобра заедничка иднина!

*Проектот е дел од Еразмус+ KA2 партнерството во областа на младите, кофинансиран од Европската Унија, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, имплементиран од Здружение Икуалити во соработка со Stowarzyszenie Rozprawy o Europie и Ayuntamiento de Alzira.

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.