Повик за хербално-креативна работилница со Билкилајф

Ги покануваме сите деца и млади на возраст од 6 до 16 години да бидат дел од новогодишната хербално-креативна работилница...

Ги покануваме сите деца и млади на возраст од 6 до 16 години да бидат дел од новогодишната хербално-креативна работилница...

Анализата е дел од проектот „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“ и има за цел разбивање на актуелните стереотипи на пазарот на труд.

На 26 декември 2025 година во Скопје Сити Мол, Здружението Икуалити ја организира најпрекрасната, најзабавната и најинклузивната новогодишна забава, која веќе трета година продолжува да остава позитивен пример за соработка помеѓу здружението и заедницата на лица со попреченост и општествено одговорниот трговски центар.

Од 01 до 05 декември, во Келце, Полска, се одржа третиот и последен меѓународен камп како дел од проектот „ЈАС, ТИ, НИЕ, ТИЕ МОЖЕМЕ“, кој беше насочен кон истражување на успешни инклузивни практики со цел подобрување на вештините на професионалците од образовниот, социјалниот и здравствениот сектор во Македонија, Шпанија и Полска. Проектот е дел од Еразмус+ КА2 програмата во областа на млади, кофинансиран од ЕУ и поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Здружението Икуалити го објавува повикот за пријавување на волонтери за Новогодишната инклузивна забава која ќе се одржи на 26.12.2025 год. (петок) во Скопје Сити Мол.

Промоција на пристапност и вклученост на лицата со попреченост во културата, образованието и јавните простори

Со изложбата одржана на 6 ноември во НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, беше заокружен циклусот на патувачките изложби во рамките на проектот „Живеј со стил – поддржи различности“, во организација на Здружението Икуалити, поддржано од Министерство за култура. Делчево како седми и последен град, беше домаќин на оваа уникатна културна иницијатива и со 32 портрети на лица со попреченост успеа да ја раскаже приказната за силата, инспирацијата и човечките вредности.

Здружението Икуалити, повикува заинтересирани социјални, здравствени и образовни професионалци кои работат со млади лица со попреченост, да аплицираат за учество на третиот транснационален камп „ЈАС, ТИ, НИЕ, ТИЕ МОЖЕМЕ“ во Келце, Полска.

На 07 октомври, во Градскиот музеј во Крива Паланка, ќе продолжи патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“. Ова е веќе петтата изложба, во серијата изложби, која ќе се одвива во уште два градови низ Македонија, во организација на Здружението Икуалити, која има за цел преку 32 портрети на лица со попреченост да раскаже моќна приказна и да ја промовира интеграцијата преку славење на човековите вредности.

✨️ Во рамки на проектот ID:CITIZEN ја отпочнуваме меѓународната општествена кампања за промоција на пристапност и вклученост во културата, образованието, јавните простори во 🇲🇰🇭🇺🇵🇱🇸🇰.