Пребарај

Анализа „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“

Истражувањата имаат за цел да ги идентификуваат предизвиците и стереотипите со кои се соочуваат младите лица, вклучително лицата со попреченост при пристапување на пазарот на трудот, како и да ги поддржат службите и организациите одговорни за вработување и мотивација на вработените да одговорат на овие потреби на соодветен начин.

📈 На пазарот на трудот во С. Македонија денес се соочуваме со предизвици како: бран на исселување и brain-drain помеѓу младите, недостиг на квалификувана работна сила во различни области, вклучително гранки во кои постои голема побарувачка на работна сила, како и неретко недоволно адаптираните стратегии на бизнис секторот за раст на продуктивноста и мотивација на вработените. Несомнено, ова се должи и на различните стереотипи во општеството за одредени работни позиции, професии и на флуктуирањето на работната сила, како во рамки на една индустриска гранка, така и помеѓу браншите.
 
📊 Истражувањето „Анализа на трендовите, предизвиците и бариерите во процесот на вработување“, се состои од две анкети, кои треба да ги идентификуваат предизвиците и стереотипите при вработување на млади, жени и лица со попречености, а следствено да помогнат на работодавачите во процесот на стратешкиот пристап во унапредување на политиките за човечки ресурси.  
 
🏆 Вклучете се во анализата и споделете ги вашите искуства и предизвици и бидете дел од креирањето услови за поголема атрактивност на бизнис секторот, зајакнувајќи ја улогата на работодавачите во креирање продуктивни работни средини.
 
 
ЛИНК до двете анкети
 
1. Анкета за работодавци или претставници на оддел за човечки ресурси: 🔗https://forms.gle/wj9tsBdo21zGrkwM7 
 
2. Анкета за млади лица, вклучително лица со попречености🔗https://forms.gle/G17TwbaWxgfK97yq7
 

 Рок за пополнување на анкетите: 20 декември 2025 година.

 

📣ЗА ПРОЕКТОТ
Анализата е дел од проектот „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“, поддржан од Helvetas, во рамки на проектот „Образование за вработување во С.Македонија, фаза 2“.
 
 
ℹ️Резултатите од анкетата ќе бидат споделени со сите учесници и би послужиле како насоки за компаниите/организациите во процесот на креирање одржливи политики за вработување.

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.