„Живеј со стил – поддржи различности“ ја заокружи својата патувачка мисија во Делчево

Со изложбата одржана на 6 ноември во НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, беше заокружен циклусот на патувачките изложби во рамките на проектот „Живеј со стил – поддржи различности“, во организација на Здружението Икуалити, поддржано од Министерство за култура. Делчево како седми и последен град, беше домаќин на оваа уникатна културна иницијатива и со 32 портрети на лица со попреченост успеа да ја раскаже приказната за силата, инспирацијата и човечките вредности.

