Пребарај

Повик за хербално-креативна работилница со Билкилајф

🎄 Ве покануваме да се пријавите на новогодишната хербално-креативна работилница со Билкилајф. А какви прекрасни искуства те очекуваат?

🎇 Ги покануваме сите деца и млади на возраст од 6 до 16 години да бидат дел од новогодишната хербално-креативна работилница, која ќе се одржи на 26 декември во Скопје Сити Мол, како дел од Новогодишната инклузивна забава.
 
Што ве очекува?
🌿 Игра за препознавање на билки
📖 Раскажување интересни приказни за билките
🎨 Изработка на природни новогодишни лампиони
🎁 Благодарници и подароци за учесниците
 

Доколку сакате да бидете дел од овој настан, можете да се пријавите со испраќање на маил до equalityskopje@gmail.com во кој ќе назначите: име и презиме на детето и родителот/старателот, возраст на детето и податоци за контакт (е-пошта, телефонски број).

Рокот за пријавување трае до 20 декември 2025 година.

*Бројот на ученици е ограничен на 15 дечиња и учество ќе земат оние кои најбрзо ќе се пријават.

✨Ве очекуваме заедно да креираме и да се забавуваме!

 

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.