Здружението Икуалити го објавува повикот за пријавување на волонтери за Новогодишната инклузивна забава која ќе се одржи на 26.12.2025 год. (петок) во Скопје Сити Мол.
Заедно да ја испратиме старата и дочекаме новата година со многу радост и забава и да придонесеме за празничната магија со искрени насмевки и желби за среќна нова 2026 год. Програмата на настанот предвидува работилница, новогодишна наградна игра, театарска претстава и музичка програма за сите возрасти.
Волонтерското учество опфаќа ангажман во период од 09 до 18 часот (26 декември) и предвидува учесто во организација и спроведување на активностите пред, за време и по настанот.
Повеќе информации за настанот може да добиете и на нашите профили на Instagram и Facebook.
Со учество во овој новогодишен настан, волонтерите ќе имаат можност да ги унапредат своите комуникациски способности и вештините за планирање, организација и успешно спроведување на настани, како и да понесат со себе прекрасни спомени од топлата, празнична атмосфера во која заедно ќе уживаме и ќе го славиме животот!
Заинтересираните лица можат да се пријават за учество на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на име, презиме, возраст, контакт број и кратка биографија.
Краен рок за пријавување е заклучно со 17 декември 2025 година.
Ве очекуваме со насмевка и позитивна енергија, заедно да ја славиме инклузијата!