Пребарај

Алка Слобода – Зелена

400ден

Алката Слобода во зелена боја е рачно изработена од тимот на ЗЕН.

Основата на алката е од врвче во впечатлива зелена боја со дебелина од 1 милиметар.

Затезната спојка е изработена од зелено врвче, додека краевите завршуваат со украсни кафени стоперчиња од кора од кокос со големина од 3 милиметри.

Алката ја краси специјално изработено ласерски изгравирано брошче од нерѓосувачки челик со логото на ЗЕН во правоаголна форма со заоблени рабови.

Достапни се две големини и тоа помала S и поголема L, каде првата е соодветна за помлади лица на возраст до 16 години, а втората за лица над 16 години.

Универзалниот изглед придонесува одлично да прилегаат на млади, но и повозрасни лица, независно од полот.

Шифра: 010 Категорија:

За мисијата на колекцијата Љубов, Сила, Слобода

Првата колекција на производите од ЗЕН – општествено одоговорниот бренд носат со себе актуелни и моќни пораки.

Дозволете си ЉУБОВ, подарете си СИЛА или посегнете по СЛОБОДА, или пак некому искажете љубов, поттикнете сила или посочете му ја слободата.

Производите кое се пред Вас имаат голема симболика и се гаени со искрена љубов. Колекцијата “Љубов, сила, слобода” се состои од 27 модели на маички (13 женски и 14 машки), како и 11 модели на алки (7 женски и 4 машки/унисекс).

Колористични, инстинктивни, мотивациски, модерни, впечатливи!

Со секој производ учествувате во нашата наредна мисија за создавање трајни општествени промени, за следниот проект од општествен импакт.

Повеќе информации за проектите во кои вложувате при набавување на секој ЗЕН производ, пронајдете тука или во описот на секој производ.

Пол

,

Боја

Големина

,

Производ

Колекција

Коментари

Сè уште нема коментари.

Бидете први кои ќе разгледате “Алка Слобода – Зелена”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.