За мисијата на колекцијата Инклузивни конфети
Основното мото на колекцијата Инклузивни конфети е „Ние сме едно големо шарено семејство! Убави, необични сјаеме со блесок на конфети распространети на подиумот наречен живот, како знак дека нашето постоење е потребно за забавата наречена „животни искуства“ да биде инспиративна, понекогаш необична, во очите на некого тажна, а сепак толку полна со љубов“.
Колекцијата е тесно поврзана со нашиот проект „Фестивал на инклузија“ кој се стреми да прерасне во традиција преку промовирање на еден од начините за создавање инклузивна атмосфера и учество во креирањето на инклузивна културна политика на нашата заедница, во потрагата по нови стратегии за инклузија и интеграција на различни маргинални групи деца и млади.
Колористични, инстинктивни, мотивациски, модерни, впечатливи!
Со секој производ учествувате во нашата наредна мисија за создавање трајни општествени промени, за следниот проект од општествен импакт.
Повеќе информации за проектите во кои вложувате при набавување пронајдете тука или во описот на секој производ.
Достапни големини и димензии
Машки: M, L, XL.
Коментари
Сè уште нема коментари.