Промоција на 5 видео-продукти со цел надминување на стереотипите од страна на лицата кои пристапуваат кон пазарот на труд е активност во рамки на проектот „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“.
Во рамки на проектот „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“, предводен од Здружението Икуалити, по спроведување на активноста – истражување „Анализа на трендовите, предизвиците и бариерите во процесот на вработување“ во регионите на Скопје, Битола и Кавадарци, продуцирана е видео-кампања од 5 мини-видео продукти.
Петте иновативни и креативни видео продукти, имаат за цел да ја зголемат заинтересираноста кај целните групи, млади, жени и лица со попречености, за различните професии на пазарот на трудот, кон кои се пристапува стереотипно.
📌 Кампањата „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“ е поддржана од швајцарскиот проект „Образование за вработување (Е4Е)“, имплементиран од Хелветас.
Официјални хаштази на кампањата се: #ПрофесииБЕЗграници #УМЕАМиСАКАМ #МојПотенцијалМојаАмбиција
Видео-продукти од кампањата
Роза Трајковиќ – Рурал УМА СТО [Кампања за професии без бариери 1/5]
♀️ Запознајте ја Роза Трајковиќ – сопственичка која ги руши сите предрасуди за жените во областа на агротуризмот. Нејзината пасија и љубов кон природата, земјата и посветеноста кон заедницата ја претворија нејзината визија во одржлива и инспиративна приказна.
🌱 Во нејзиниот агротуристички простор секој е добредојден. Таа активно создава средина во која различностите се почитуваат, а можностите се отворени – без разлика на возраст, пол или животна приказна.
🐝 Примерот на Роза покажува дека бизнисот може да биде и општествено одговорен. Нејзината приказна е инспирација за сите жени и млади кои сакаат да чекорат храбро кон своите соништа и да изградат сопствен пат – без страв од стереотипи и ограничувања.
Неделка Чукчуковска – девојка со попреченост вработена по стручно образование
♀️Запознајте ја Неделка Чукчуковска – девојка со попреченост вработена по стручно образование. Таа е вистински доказ дека вербата во себе може да биде огромна мотивација за да се надградиме себе си.
🍀Покрај лошите критики, Неделка никогаш не се откажала од патот по кој чекорела. Нејзината приказна е инспиративна за сите оние кои се соочуваат со предрасуди, сомнежи и бариери, но сепак одлучуваат да продолжат напред.
💫Со упорност, труд и силна желба за професионален развој, Неделка покажува дека попреченоста не е ограничување и упатува силна порака дека лицата со попреченост заслужува поддршка и еднакви можности.
📌Кампањата „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“ е поддржана од швајцарскиот проект „Образование за вработување (Е4Е)“, имплементиран од Хелветас.
#ПрофесииБЕЗграници #УМЕАМиСАКАМ #МојПотенцијалМојаАмбиција
Биљана и Илија – млади вработени во индустрија
♂️♀️ Запознајте ги Биљана и Илија, дел од вработените во КИЕЛ кои се јасен пример дека професиите не се делат на машки и женски.
💡 И покрај стереотипот дека индустрија е “тешка” за жените, Биљана не дозволила тоа да влијае на изборот на нејзината професија. Со упорност, практична работа и континуирано усовршување, ги изградила своите вештини и самодоверба, станувајќи сигурен и ценет член на тимот. Нејзината приказна е доказ дека храброста значи да веруваш во себе – дури и кога другите се сомневаат.
🔧 Илија започнал како млад практикант со силна желба да учи и да се докажува. Преку одговорност, дисциплина и амбиција, чекор по чекор напредувал и денес претставува важен дел од колективот. Неговиот пример покажува дека успехот е резултат на трудот, а не на предрасудите.
✨️ Овие двајца професионалци покажуваат дека индустријата ги препознава потенцијалот и амбицијата на младите и им отвора врати кон бројни можности за напредок и успех.
📌 Кампањата „Зголемување на атрактивноста на пазарот на трудот преку професии без граници“ е поддржана од швајцарскиот проект „Образование за вработување (Е4Е)“, имплементиран од Хелветас.
Истражувањето „Анализа на трендовите, предизвиците и бариерите во процесот на вработување“ ја истакнува потребата од мерки што ќе го олеснат пристапувањето на младите, ќе ја намалат улогата на стереотипите во кариерниот развој и ќе ја унапредат пристапноста и прилагодувањето на работните позиции, со цел еднаквите можности да се применуваат во пракса.
Повеќе податоци од истражување се достапни на следниот линк: