Пребарај

Zorina Saveska

Ги покануваме сите деца и млади на возраст од 6 до 16 години да бидат дел од новогодишната хербално-креативна работилница...

Forum Replies Created

Преглед на 3 постови - 1 до 3 (од вкупно 3)
  • Author
    Постови
  • во одговор на: Предизвик со голем број на улични кучиња #4703
    Zorina Saveska
    Participant

    Според истражувањето што го направив во врска со оваа тема сфатив дека нема доволно,можам да кажам нема никакви соодведни служби или организации за справување со уличните кучиња. Постои само дневен центар за грижа на кучиња- Стационар,отворен во 2019 година кога проценка на бројот на кучиња изнесувал од 600 до 700 бездомни кучиња.А според последните истражувања бројот е покачен на 1000.(можеби и повеќе)
    Овој стационар наводно постои физички но не е во никаква функција поради финансиски проблеми.
    Еден од начините за да се справиме со овој проблем е преку спроведување на стратегијата „залови –стерилизирај – вакцинирај-врати“ на бездомните кучиња и сите кучиња кои се затекнати слободни на улица.Оваа стратегија била применета во 2023 и наводно ќе се примени и оваа година.
    Според мене најдобар начин за справување со овој проблем е повторно функционирање на стационарот доколку не е во функција но овој пат сите граѓани во општина Гостивар да бидат известени со цел да можат да помогнат. Ангажирањето на граѓаните во грижата за кучињата скитници би било како на пример преку волонтерски програми, со цел да се обезбеди поддршка и ресурси за овие животни.
    Би помогнале така што секој од нас би донирал средства како храна,играчки и слично со цел и бездомните кучиња да можат да преживеат.А во исто време со тоа би се намаил или сосема би се решил проблемот со нападот врз граѓаните од страна на кучињата скитници бидејќи овој проблем е сериозен речиси да нема ден,а да не се слушне дека имало таков напад.
    Така да решението на овој проблем би имало двојна вредност од една страна би се заштитиле кучињата скитници, а од друга страна би се заштитила сигуноста на граѓаните од уличните кучиња.

    во одговор на: Прашања за решавање во Општина Гостивар #4698
    Zorina Saveska
    Participant

    1.Зголемена опасност од уличните кучиња.
    2.Повеќе културни,забавни и младински центри.
    3.Да се зголеми еко свеста кај граѓаните.

    Zorina Saveska
    Participant

    Сакам да постигнеме големи промени и да придонесеме во нашите општества за да истите бидат подобри места за живеење.
    Јас би сакала да стекнам доста нови вештини и знаења како и други позитивни промени.

Преглед на 3 постови - 1 до 3 (од вкупно 3)

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.