Дома › Форуми › Forum ZEN 2.0 Caravan › Форуми за менторство за млади / Forums for Mentorship for Youth › Патеки за лица со оштетен вид
- Оваа тема има 3 replies, 4 voices и е последно ажурирана пред 1 years, 5 months.
-
AuthorПостови
-
-
18 ноември 2023 at 14:36 #4509
Ruzica Stojanovska
Keymaster1. Кои се државите каде што вакви патеки се имаат направено и успешно се користат? Како тие држави го направиле тоа?
2. На кои начини може да се обезбедат вакви патеки? Кој тип на материјали се потребни? Како би изгледат тој процес?
3. Какви заеднички напори може да се иницираат помеѓу државните агенции, приватниот сектор и невладините организации за да се промовира развојот и имплементацијата на решенија кои го подобруваат животот на лицата со оштетен вид? -
20 ноември 2023 at 22:09 #4510
Marija Saveska
Participant1. Првите држави кои што направиле тактилни патеки се Јапонија, САД, Канада, Британија,Австралија и тн. Се решило со носење на законска регулатива.
2. Со заложување на општините да дадат парични средства за да се направат тактилни патеки. Плочки со соодветна текстура и во контрасни бои во однос на остатокот од површината. Општините да направат долгорочна стратегија и да се најдат компании кои ќе го направат тоа.
3. Да се популаризира прашањето од страна на невладините организации кои се засегнати со проблематиката кај општините бидејќи тие се оние кои треба да го инплементираат односно да го исполнат тоа со помош на приватниот сектор. -
23 ноември 2023 at 12:31 #4511
jana.popova
Participant1. Тактилните патеки се користат во многу држави меѓутоа првата држава што ги има направено е Јапонија. Најчесто се сретнуваат по тротоарите и метро станици. Обично се во жолта боја за да се во контраст со земјата меѓутоа ова не е строго правило.
2. Најчесто се прават од бетон или гранит но некои држави/места користат метали. Два типа на „плочки“ се користат, прави линии што покажуваат насоки и плочки со кругови/точки што сигнализираат опасност пример скали, главни улици и слично. Тактилните плочи се продаваат во македонија како веќе направени гумени плочи кои со помош на општината и професионалци би можеле да се стават на местата кои ќе ги одредиме.
3. Да се врши притисок, да се извадат статистики за проблемот и да се предложи решение. Мислам дека институциите полесно би прифатиле веќе готов и денефиниран предлог со успешни примери бидејќи они самите нема да седнат и да го направат тоа 🙁 -
25 ноември 2023 at 23:13 #4512
stp
Participant1. Тактилни патеки се користат во многу држави околу светот, меѓу нив Јапонија беше првата земја што ги спроведе.
Повеќето земји имплементираа тактилни патеки по спроведувањето на законите за помош на лицата со посебни потреби.2.Тактилните патеки може да се обезбедат преку различни средства, вклучувајќи текстурирани површини, подигнати обрасци или плочки. Овие елементи им помагаат на лицата со оштетен вид да се движат низ просторите со тоа што чувствуваат различни текстури под нозете.
Тактилното поплочување најчесто се прави од издржливи и нелизгачки материјали. Некои употребени материјали вклучуваат гума, пластика, бетон, метал, итн. Изборот на материјалот зависи од фактори како што се издржливоста, отпорноста на временските услови и специфичните потреби на околината во која се поставува тактилното поплочување.
Општината може да купи тактилни плочи, а со наша помош и со помош на стручни лица можеме да направиме план за поставување тактилни плочи околу домот за слепи лица.3. Невладините организации треба да ја подигнат свеста за проблемот со добро проверени докази и да понудат некакво решение. Ќе зависи од владините агенции и приватниот сектор како сакаат да одговорат на проблемот.
-
-
AuthorПостови
- Мора да си најавен да одговориш на оваа тема.