Дома › Форуми › Forum ZEN 2.0 Caravan › Форуми за менторство за млади / Forums for Mentorship for Youth › Патеки за лица со оштетен вид › Одговори на: Патеки за лица со оштетен вид
1. Тактилните патеки се користат во многу држави меѓутоа првата држава што ги има направено е Јапонија. Најчесто се сретнуваат по тротоарите и метро станици. Обично се во жолта боја за да се во контраст со земјата меѓутоа ова не е строго правило.
2. Најчесто се прават од бетон или гранит но некои држави/места користат метали. Два типа на „плочки“ се користат, прави линии што покажуваат насоки и плочки со кругови/точки што сигнализираат опасност пример скали, главни улици и слично. Тактилните плочи се продаваат во македонија како веќе направени гумени плочи кои со помош на општината и професионалци би можеле да се стават на местата кои ќе ги одредиме.
3. Да се врши притисок, да се извадат статистики за проблемот и да се предложи решение. Мислам дека институциите полесно би прифатиле веќе готов и денефиниран предлог со успешни примери бидејќи они самите нема да седнат и да го направат тоа 🙁