ЗЕН е општествено одговорен бренд, креиран во процес на соработка на лица со попречености и дизајнери, и има за цел да стреми кон создавање на соодветни можности за социјално ранливите категории граѓани, да пружа љубов и да поврзува.
Општествена одговорност
Набавувајќи производ од ЗЕН понудата Вие инвестирате во предвидените проекти за маргинализираните категории на граѓани.
Инвестиција во креирање можности
Целосниот приход од вредноста на порачаните производи автоматски се пренесува во проектираниот буџет за наредниот предизвик кој е од општествено значење.
Следи го твојот удел во целокупниот проект
Истиот процес ќе може да го следите на нашата интернет страна или во мобилната апликација(во изработка).
Следни предизвици
Изработка на платформа и мобилна апликација за контакт со јавните, социјалните и здравствените институции за лица од маргинализираните категории на граѓани.
Изработка на мобилна апликација за движење и ориентација во просторот за лица со хендикеп, корисници на помагала, колички.
Оригиналност и македонско производство
Секој производ е подложен на процес на контрола на квалитет и подразбира долготрајност и оригиналност.
Вашата маичка поседува оригинален дизајн, аплициран во индивидуална постапка за секое парче, со искористување на напредна технологија што нуди квалитет и долготрајност. Несекојдневниот изглед на моделот на маичката е специјално креиран за ЗЕН и произведен во Македонија.
Алките со оригинален дизајн се означени со логото на брендот, изработувани секоја пооделно, соодветно и внимателно спакувани, што нуди посебено unboxing задоволство.