За мисијата на колекцијата Инклузија
Основната цел на колекцијата Инклузија е силна порака за социјална интеграција на лицата со попреченост преку промоција на нивните можности, како и намалување на општествениот јаз и одржување кохезија.
Колекцијата е тесно поврзана со нашиот проект „Фестивал на инклузија“ кој се стреми да прерасне во традиција преку промовирање на еден од начините за создавање инклузивна атмосфера и учество во креирањето на инклузивна културна политика на нашата заедница, во потрагата по нови стратегии за инклузија и интеграција на различни маргинални групи деца и млади.
Колористични, инстинктивни, мотивациски, модерни, впечатливи!
Со секој производ учествувате во нашата наредна мисија за создавање трајни општествени промени, за следниот проект од општествен импакт.
Повеќе информации за проектите во кои вложувате при набавување пронајдете тука или во описот на секој производ.
Достапни големини и димензии
XS, S, M, L, XL, XXL
Коментари
Сè уште нема коментари.