Пребарај

Икуалити го промовираше прирачникот за поддршка на професионалци кои работат со млади лица со попречености

На 23 март 2026 со онлајн конференција успешно заврши проектот „ЈАС, ТИ, НИЕ, ТИЕ МОЖЕМЕ“(2025-2026), како доказ дека преку заедничко делување може да се создадат одржливи механизми за поддршка и унапредување на правата на лицата со попреченост. ​

Конференцијата обедини претставници од образовниот, здравствениот и социјалниот сектор, од Македонија, Полска и Шпанија, со една заедничка цел – поттикнување на одржлив и функционален систем за поддршка и унапредување на правата на лицата со попреченост.

Онлајн - конференција како финална фаза од проектот

Конференцијата беше отворена со обраќања на организаторите, кои ја истакнаа важноста на меѓусекторска соработка и градење инклузивни политики што ги ставаат потребите на лицата со попреченост во фокусот. Во текот на конференцијата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат семејствата, потребата од рана интервенција, пристапноста на услугите, како и за неопходноста од континуирана едукација на стручните кадри.

Во воведните обраќања, беа споделени искуствата стекнати за време на посетата на трите кампови во Македонија, Полска, Шпанија. Исто така се отвори темата за координација меѓу институциите, при што учесниците потенцираа дека системските празнини може да се надминат само преку јасно дефинирани протоколи и партнерски пристап. Претставени беа позитивни практики и примери на успешна локална соработка, кои послужија како инспирација за понатамошни иницијативи.

Во рамки на конференцијата беше промовиран и документарец кој ги прикажува впечатоците и клучните моменти од реализираните посети, како и искуствата на сите вклучени страни. Преку лични сведоштва, документарецот ја нагласува важноста на меѓусекторската соработка и отвора простор за нови идеи и пристапи за нејзино понатамошно зајакнување.

Промоција на прирачник за препознавање и адресирање на потребите на младите лица со попреченост

Во рамки на конференцијата беше промовиран и новиот Прирачникот за поддршка на социјалните, медицинските и образовните професионалци во работата со млади лица со попреченост, кој претставува практична алатка за професионалци, родители и организации. Прирачникот содржи насоки за препознавање и адресирање на потребите на лицата со попреченост, модели за соработка меѓу секторите, како и препораки за унапредување на инклузивните практики. Авторите истакнаа дека документот е резултат на теренско искуство и консултации со засегнатите страни.

Размена на искуства на професионалци од трите држави

По главниот дел, беше отворен простор за конструктивна дискусија и размена на искуства за предизвиците со кои се соочуваат стручните лица во секојдневната работа на стручните лица од Македонија, Полска и Шпанија, потребната поддршка за лицатa со попреченост и можностите за унапредување на меѓусекторската соработка и континуитетот на услугите. Посебен акцент беше ставен на меѓуинституционалната координација, при што учесниците нагласија дека системските празнини можат да се надминат единствено преку јасно дефинирани протоколи и партнерски пристап. Беа презентирани позитивни практики и примери на успешна локална соработка, кои послужија како поттик за понатамошни иницијативи.

Конференцијата понуди и интерактивна сесија со прашања и одговори, каде учесниците имаа можност директно да ги споделат своите предизвици и предлози. Развиената дискусија покажа дека постои силна потреба од континуирани вакви настани, како простор за вмрежување, поддршка и заедничко застапување.

Со оваа конференција се постави цврста основа за идни заеднички активности и иницијативи насочени кон подобрување на квалитетот на живот и целосна инклузија на лицата со попреченост во општеството. Организаторите најавија дека ќе продолжат со активности кои ќе придонесат кон системски промени и засилена соработка меѓу сите релевантни чинители.

Прирачник за поддршка на социјалните, медицинските и образовните професионалци во работата со млади лица со попреченост [кликнете на сликичката за да го превземете соодветниот прирачник на МКД, АНГ, ПОЛ, ШПА]:

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.