Пребарај

INCLUDE: Инклузивно лидерство и демократско учество на лицата со попреченост

Европски проект за зајакнување на лидерството, граѓанското учество и инклузивното одлучување

INCLUDE: Инклузивно лидерство и демократско учество на лицата со попреченост е 24-месечен европски проект, поддржан преку програмата Граѓани, еднаквост, права и вредности (CERV) –на Европската Унија.

Проектот се спроведува во партнерство со седум организации и локални власти од шест европски земји: MOVEO од Австрија (координатор), Proportional Message од Португалија, Municipality of Mesagne од Италија, Kunsill Lokali ta’ l-Imġarr и Skills Zone Malta од Малта, Zavod ODTIZ од Словенија и Здружението Икуалити (Equality) од Македонија.

Која е целта?

Главната цел на INCLUDE е да создаде повеќе можности лицата со попреченост активно да учествуваат во јавниот и демократскиот живот, да преземаат лидерски улоги и да влијаат врз одлуките што ги засегаат.

Иако правата на лицата со попреченост се препознаени во законите и меѓународните документи, нивната застапеност во институциите, локалните совети, работните групи и процесите на одлучување сè уште е ограничена.

Затоа, INCLUDE се темели на принципот „Ништо за нас без нас“, промовирајќи го преминот од формално вклучување кон суштинско учество, во кое лицата со попреченост се препознаени како активни граѓани, застапници, експерти и лидери.

Што ќе се реализира?

Проектот опфаќа неколку меѓусебно поврзани активности:

  1. Истражување и фокус групи – Во партнерските земји ќе се истражуваат бариерите, искуствата и добрите практики за учество на лицата со попреченост во јавниот живот. Преку фокус групи, самите лица со попреченост ќе ги споделат своите потреби, ставови и предлози за подобрување. Преку консултации со засегнати страни, вклучувајќи претставници на општини, институции, граѓански организации и други релевантни чинители, ќе се разгледаат институционалните предизвици и можностите за подобрување. Со поврзување на двете перспективи ќе се идентификуваат реални, применливи решенија, кои ќе послужат како основа за изработка на Прирачникот за инклузивно претставување и унапредување на локалните практики за демократско учество.
  2. Прирачник за инклузивно претставување – Врз основа на истражувањата и консултациите ќе се создаде практичен, пристапен и повеќејазичен алатник со насоки и препораки за општини, институции и граѓански организации, со цел подобро вклучување на лицата со попреченост во процесите на одлучување.
  3. Лидерски обуки и менторство – Ќе се организираат пристапни обуки за развивање вештини за лидерство, самозастапување, јавен настап, граѓанско учество и комуникација со институциите. Посебно внимание ќе се посвети на жените и младите лица со попреченост.
  4. Работилници, конференции и јавни кампањи – Преку локални и меѓународни настани ќе се промовираат резултатите од проектот, ќе се разменуваат искуства и ќе се поттикнува соработка помеѓу лицата со попреченост, локалните власти, институциите и граѓанскиот сектор.

За кого е наменет проектот?

Лица со попреченост: Можност да го споделат своето искуство, да учествуваат во креирање практични решенија, да развиваат лидерски вештини и да добијат поголема видливост и простор за влијание во заедницата.

Општини и институции: Можност подобро да ги разберат постојните бариери, директно да соработуваат со лицата со попреченост и да добијат практични алатки за организирање пристапни консултации и поинклузивни процеси на одлучување.

Граѓански организации и професионалци: Можност за размена на искуства, унапредување на сопствените практики и користење на проектните материјали во идни иницијативи.

Зошто да се вклучите?

Инклузивните политики создаваат подобри институции, поквалитетни услуги и посилни локални заедници.

Со вклучување во INCLUDE, општините, институциите и граѓанските организации добиваат можност:

  • Да ги препознаат реалните потреби на лицата со попреченост преку директен дијалог и соработка.
  • Да добијат практични алатки и знаења за подобрување на пристапноста, граѓанското учество и локалните политики.
  • Да разменуваат европски искуства и добри практики со партнери од шест земји.
  • Да ја зајакнат довербата на граѓаните преку поотворено, поодговорно и поинклузивно одлучување.
  • Да создадат одржливи решенија кои ќе продолжат да носат придобивки и по завршувањето на проектот.

Лицата со попреченост добиваат можност за:

  • Зајакнување на лидерските и застапувачките вештини преку обуки, менторство и практични алатки за активно учество во општеството.
  • Поголема вклученост во процесите на донесување одлуки, со можност нивните ставови, потреби и искуства да бидат слушнати и земени предвид.
  • Подобри можности за самозастапување и претставување во локалните заедници, институциите и граѓанските организации.
  • Развивање самодоверба, знаења и нови вештини за преземање активни и лидерски улоги.
  • Поврзување и размена на искуства со други лица со попреченост, застапници и организации од различни европски земји.

Вклучувањето во INCLUDE не е само поддршка на еден проект – тоа е можност да станете дел од позитивна промена, во која лицата со попреченост се активни учесници, лидери и носители на промени, а институциите развиваат поинклузивни политики и практики кои подобро им служат на сите граѓани.

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.