Пребарај

Предизвик со голем број на улични кучиња

Дома Форуми Forum ZEN 2.0 Caravan Форуми за менторство за млади / Forums for Mentorship for Youth Предизвик со голем број на улични кучиња

Viewing 5 reply threads
  • Author
    Постови
    • #4702

      1. Дали на подрачјето на Општина Гостивар постојат служби, организации, прифатилипта кои работат на прашања од областа на застапеност на улични животни? Кои?
      2. Дали постојат примери за позитивно разрешување на ваков тип на предизвик во нашето соседство/регионот/светот? Кои се тие примери?
      3. Кои чекори (граѓански иницијативи) можат да се превземат во насока на надминување на овој предизвик?
      4. Кои сектори на локалната власт можат да се вклучат во третирање на овие прашања?

    • #4703
      Zorina Saveska
      Participant

      Според истражувањето што го направив во врска со оваа тема сфатив дека нема доволно,можам да кажам нема никакви соодведни служби или организации за справување со уличните кучиња. Постои само дневен центар за грижа на кучиња- Стационар,отворен во 2019 година кога проценка на бројот на кучиња изнесувал од 600 до 700 бездомни кучиња.А според последните истражувања бројот е покачен на 1000.(можеби и повеќе)
      Овој стационар наводно постои физички но не е во никаква функција поради финансиски проблеми.
      Еден од начините за да се справиме со овој проблем е преку спроведување на стратегијата „залови –стерилизирај – вакцинирај-врати“ на бездомните кучиња и сите кучиња кои се затекнати слободни на улица.Оваа стратегија била применета во 2023 и наводно ќе се примени и оваа година.
      Според мене најдобар начин за справување со овој проблем е повторно функционирање на стационарот доколку не е во функција но овој пат сите граѓани во општина Гостивар да бидат известени со цел да можат да помогнат. Ангажирањето на граѓаните во грижата за кучињата скитници би било како на пример преку волонтерски програми, со цел да се обезбеди поддршка и ресурси за овие животни.
      Би помогнале така што секој од нас би донирал средства како храна,играчки и слично со цел и бездомните кучиња да можат да преживеат.А во исто време со тоа би се намаил или сосема би се решил проблемот со нападот врз граѓаните од страна на кучињата скитници бидејќи овој проблем е сериозен речиси да нема ден,а да не се слушне дека имало таков напад.
      Така да решението на овој проблем би имало двојна вредност од една страна би се заштитиле кучињата скитници, а од друга страна би се заштитила сигуноста на граѓаните од уличните кучиња.

    • #4704
      zehraayarovska
      Participant

      Во општината Гостивар не постојат никакви организации или служби за справуваме со овој проблем.Постои само еден стационар кој не е функционален.
      -Тије што сакате да вдомат куче мизар да вдомат од улица
      -мозат да се однесат на некое празно место (каде што не дивеат луѓе)
      -мозат да се направи хуманитарен концерт и средствата дa бидта дадени во стационарот што постои
      На локално ниво општината е одговорна за овие прашања

    • #4705
      mila
      Participant

      Проблемот со кучињата-скитници во градот Гостивар претставува еден од најголемите проблеми меѓу жителите, па затоа предлагам истиот да се реши со зголемување на веќе постоечкиот стационар(кој не е во функција). Според информациите на интернет и тоа што се слуша низ градот, стационарот е отворен во 2019г. и има капацитет за 800-1000 кучиња. Како што кажав, пооради тоа што веќе не е во функција моето мислење е да де направи кампања која ке ја подигне свеста кај граѓаните до цел сите да помогнат финансиски. Секој кој е во можност да донира псрични средства на Х сметка, на штандови кои ќе бидат поставени низ градот итн. Со собраните средства да се доизгради стационарот и да де зголеми капацитетот. Следната фаза би било донации во форма на храна, играчки, легла, волонтерски ветеринарни интервенции со цел одржување на животните.Во овој процес мислам дека би можела да помогне општината на град Гостивар.

    • #4706
      Antonio Banderas
      Participant

      Јас имам запишано повеќе информации, еве го документот на овој Google линк, немора да се спушти документот, се гледа од интернет.
      https://docs.google.com/document/d/1IC_FcZCZWQId8y9nCdVKz95reUk0CDjl/edit?usp=sharing&ouid=115891241004847921856&rtpof=true&sd=true

    • #5280
      mila
      Participant

      Посвојувањете домашни миленици да биде тешко. Секој човек што сака да посвои домашно милениче треба да покаже доказ за способност. Исто како што посвојувате дете, законот треба да биде строг околу посвојувањето животни. Домашните миленици ќе бидат деца доживотно и ќе мора да ги разберете нивните потреби и барања. Доколку немате капацитет, треба да се воздржите. Многумина добиваат егзотични раси за статусни цели и кога кучето ќе се разболи, ќе се повреди и ќе почнат да доаѓаат сметките за ветеринар, тие едноставно се откажуваат. Го напуштаат миленичето затоа што сега е недостапно. Одговорен родител на домашно милениче го стерилизира и кастрира своето милениче.

Viewing 5 reply threads
  • Мора да си најавен да одговориш на оваа тема.

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.