Пребарај

Одговори на: Предлози на серија предизвици – Форум 3 Бит.

Дома Форуми Forum ZEN 2.0 Caravan Предлози на серија предизвици – Форум 3 Бит. Одговори на: Предлози на серија предизвици – Форум 3 Бит.

#5196
Anonymous
Inactive

Сакам да го искористам моето техничко познавање и познавање за дизајн за да се креира дигитално решение за личности со попреченост.
Бидејќи и јас сум програмер би сакал да се надоврзам на одговорот пишан од Весна. Идејата околу фокусирање и ажурирање на рутите за јавен превоз во Битола, мислам дека е добро, дури и да направиме апликација која ќе биди лесна за користење за лица со различни попречености. Уште една идеја би било да собереме најмногу што можиме информации за локали, продавници и други места во градот и да чуваме податоци за каква е пристапноста до тие места, со ова би можеле да креираме некакво решение каде што лица со посебни потреби можат да се информираат за пристапноста на овие локации. Напредокот што би сакал да го видам кај себе е тоа што ќе добијам поголема перспектива за потребите на лицата со попреченост и ќе стигнам до поголемо разбирање за нивните секојдневни потешкотии.

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.