Проектот „Спорт за сите“ во организација на Здружението Рекреакција – Ресен, чиј основач е Гере Трипков, претседателот на Здружението Икуалити, е иницијатива спроведена и реализирана во периодот од август 2019 година до септември 2020 годинa.
Учесници на проектните активности беа жители на Општина Ресен. Една од главните придобивки за корисниците на овој проект е набавката на адаптирани велосипеди, кои остануваат во трајно користење на лицата со попреченост од истоимената општина. Во рамки на „Спорт за сите“ 40-тина учесници имаа можност да искусат вежбање јога, скијање со адаптирана опрема сит-ски, нуркање, пливање, кајакарење.
Примарните цели на овој проект опфаќаа активно делување во создавањето на пристапно општество, и отстранување на бариери за непречено функционирање во секојдневниот живот на лицата со попречености, како и подигање на свеста за правата и почитта кон тие лица од регионот на Преспа, како и претставување на добрите пракси во активната рехабилитација, еднаквите можности, најпосле инспирирајќи почитување на основните човекови права и намалување на дискриминацијата.
Постигнатите резултати вклучуваат директна вклученост на лицата со попреченост во спортските активности, мотивирање и поттикнување за поголема социјализација и вклученост во општествениот живот и спортот воопшто и во иднина, а за Општина Ресен проектот понуди можности за промоција како атрактивна туристичка дестинација за алтернативен туризам и адаптивни спортови.
„Успеавме да споделиме радост, да понудиме поинаква перспектива и да ги вклучиме лицата кои немале можност да се социјализираат. Се соочивме директно и смело и со стигматизирањето на овие лица на плажите, патеките, во градот. Дадовме поттик за жителите на Општина Ресен да размислуваат отворено и со поддршка кон маргинализираните групи. И секако за прв пат во Македонија промовиравме нови видови на спортски активности и адаптивна рехабилитација, како адаптивен велосипедизам и скијање, нуркање, кајакарење.“ – изјави потпретседателот на Рекреакција, Гере Трипков.
Следните обуки беа организирани за времетраењето на проектот:
Пливање – Наташа Мешковска
Социјални вештини – Владо Караев
Кајакарење – Аднан Рамадан
Нуркање – Игор Трајаноски
Известување и новинарство – Зоран Иванов
Јога – Ивана Батев
Скијање – Јане Стефанов
Физикална медицина и активна рехабилитација – Даниела Гечевска и Маја Улк
Handbike и велосипедизам – Кристијан Кулумовски (Преспа Бајк)
Проектот е спроведен со поддршка од РеЛОаД програмата, финансирана од ЕУ и Општина Ресен, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации – UNDP.
Во реализација на проектот „Спорт за сите“ беа вклучени членови на Здружението Икуалити.
Медиумите за проектот „Спорт за сите“: