
Парк кој поставува високи стандарди за урбано планирање – припреми за изведба на „Паркот на еднаквоста“
На 25 септември, во просториите на Општина Кисела Вода, во присуство на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставници на Здружението Икуалити, се одржа состанок за претставување на идејното решение за „Паркот на еднаквоста“.

Секој има право да ја креира иднината – успешна студиска посета во Варшава
Од 1 до 5 септември, во Варшава Полска, се одржа првата од двете посети како дел од проектот ID: CITIZEN. Со ова беше заокружена првата фаза на проектот, која беше фокусирана на истражување на позитивните примери во областа на пристапноста и инклузивното урбано планирање во престолнината на Полска. Посетата беше реализирана во партнерство со Фондација Интеграција (Полска), Здружение Тененет (Словачка) и Организација Рака под Рака (Унгарија), со поддршка од Меѓународниот Вишеградски фонд.

ГРАЃАНИНОТ ВО ФОКУС – полски искуства за инклузивно урбано планирање
Од 01 до 05 септември 2025 година, во Варшава, Полска, ќе се одржи првата студиска посета од почетната фаза на реализација на проектот ID:CITIZEN. Ова е прва од двете планирани посети, во градовите Варшава и Братислава, кои ќе се фокусираат на иновативни практики во областа на пристапноста, инклузивното урбано планирање и културното учество на лицата со попреченост.

Здружение Икуалити во соработка со Театар за тебе креираа инклузивна детска драмска група
Здружение Икуалити во соработка со Театар за тебе креираа инклузивна детска драмска група, која ќе им даде можност на децата со различни попречености да ги развијат своите таленти и способности, како и да се запознаат со глумата како уметност и преку заедничка работа со своите врсници да станат новите ѕвезди на драмската сцена.

Да ги подобриме услугите за лицата со попречености – повик за учество во две меѓународни анкети
Здружението Икуалити, повикува лица со попречености и социјални, здравствени и образовни професионалци кои работат со млади лица со попреченост, за учество во две меѓународни анкети за подобрување на практиките за работа со млади лица со попреченост во проектото „ЈАС, ТИ, НИЕ, ТИЕ МОЖЕМЕ“.

Отворен повик за учество во Вториот транснационален камп „ЈАС, ТИ, НИЕ, ТИЕ МОЖЕМЕ“ во Шпанија
Здружението Икуалити, повикува заинтересирани социјални, здравствени и образовни професионалци кои работат со млади лица со попреченост, да аплицираат за учество на вториот транснационален камп „ЈАС, ТИ, НИЕ, ТИЕ МОЖЕМЕ“ во Алзира, Шпанија.

„Живеј со стил – поддржи различности“ – Крушево домаќин на патувачка изложба на 31 портрет на лица со уникатна мисија
На 3 август, во Домот на култура „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, симболично во духот на Илинден, ќе започне патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“.

Скопје добива урбан инклузивен парк во Општина Кисела Вода
Здружението Икуалити, во соработка со Општина Кисела Вода ќе го проектира, изведува и уредува новиот „Парк на еднаквоста“, поддржан финансиски и од Амбасадата на Република Полска.

Успешно завршена првата фаза од Еразмус КА2 проектот “I, You, We, They CAN”
Првиот транснационален состанок се оддржа во Скопје, а истиот започна со инспиративен форум како завршна активност на 4. inFusion – Фестивал на Инклузија.

Урнати бариери преку креација и инспирирација – Заврши 4. Инфјужн фестивал
Низ 50 настани на 5 локации и во 5 тематски денови четвртото издание на Инфјужн докажа дека е возможно да се создаде широка, општествена платформа за култура, уметност, едукација и забава.
