Зен-поезија е пред-фестивалска работилница за поезија креирана од 15 млади лица и ораторство во рамки на вториот ден на 4. Инфјужн - Фестивал на инклузија.
Зен-поезија. Поезија креирана од 15 млади лица, кои низ менторство на Клубот на оратори, под водство на Марија Додовска, ќе создадат сопствена поезија, а потоа ќе бидат менторирани да одржат ораторска интерпретација на истите во рамки на вториот ден на 4. Инфјужн – Фестивал на инклузија.
Избраните учесници ќе бидат дел од дводелната работилница:
- Создавање сопствена Зен-поезија(24 мај 2025 година, 10:00 – 14:00, Здружение Икуалити),
- Ораторска интерпретација(12 јуни 2025 година, 18:00 – 19:30, во рамки на вториот ден на 4. Инфјужн фестивал, Парк Македонија – Кисела Вода).
*Отворен повик*
Здружението Икуалити, во соработка со платформата Допирна точка, го отвора повикот за учество во „Зен – поезија“ – работилница за создавање поетски дела и ораторска интепретација, под менторство на Клуб на оратори.
🗓️ 24.05.2025г.
⏱️ 10:00 – 14:00 часот
📍Здружение Икуалити
✍️ ШТО НУДИМЕ?
-менторство од Клуб на оратори за создавање на поезија, ораторство и ораторска интерпретација, под водство на Марија Додовска
-можност за лица со и без попреченост за создавање на сопствена поезија и развивање на вештини за креативно изразување и ораторска интерпретација
-можност за интерпретација на креираното творештво, на 12 јуни 2025, како дел од inFusion Perform денот, во рамки на inFUSION – 4. Фестивал на инклузија.
📢 КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Заинтересираните лица, на возраст од 16 до 29 години кои сакаат да бидат дел можат да се пријават преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на: име, презиме, возраст, контакт број и мотивација за учество. Особено ги охрабруваме лицата со попречености кои сакаат да бидат дел од оваа креативна работилница, да се пријават. Доколку лицето е придружувано – да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот.
Крајниот рок за пријавување е продолжен и е заклучно со 22 мај 2025 година.
🔗 ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ФЕСТИВАЛСКА ПРОГРАМА