Пребарај

Здружението Икуалити успешно до целта за создавање ZEN* облека за 50. хендикепирани лица од земјава

Здружението Икуалити успешно се претстави на настанот Донаторски кружок 2023 година, со фокус тема: Социјално претприемништво, организиран од Здружението Конект и беше дел од постигнувањето на рекордно прибраните средства наменети за општествени проекти со импакт во рамки на еднократен настан.

Здружението Икуалити, претставувано од Гере Трипков и Љубиша Савески, беа дел од општествено значајниот проект Донаторскиот кружок – 2023 година, кој непрофитната организацијата Конект го одржува традиционално по четврти пат.

Понеделник, 12 јуни 2023 година, ќе биде запишан во историјата на Здружението Икуалити, како ден во кој е остварен еден од краткорочните цели поврзани со развој на проектот за градење на бренд за облека специјализирана за лица со попречености.

Претставувањето на ZEN* брендот ја отвори вечерта на презентации/питчувања/ за прибирање на донации со учество на три проекти.

Гере Трипков во своето обраќање пред стотина учесници и потенцијални донатори им го приближи брендот, историјатот на Здружението, основањето на ZEN* брендот и процесот од идеја до реалност, ја претстави функционалноста на адаптивната облека и предизвикот кој го решава, односно промената за корисниците од фрустрирачко искуство на дотерување во пријатност во користење, удобност и индивидуалност.

Гере ги покани потенцијалните донатори да му се приклучи на тимот на ZEN* да приберат средства за создадавање на облека за најмалку 50 лица од маргинализираните групи на луѓе со хендикеп.

Стотина учесници имаа екслузивна можност на лцие место да се запознаат со првите прототипи на колекцијата составена од кошула, панталони и јакна, да ја искусат нивната функционалност, намена, модерен изглед.

Преку споделувања на личните животни искуства на членовите на тимот, Гере како некогашен модел и Љубиша како долгогодишен моден креатор, обајцата лица со попреченост, како и блиската соработничка – модниот дизајнер Евгенија Зафировска, но и веќе успешното претставување на брендот на престижни саеми за мода и функционална облека – Premier Vision – Париз и TechTextile – Франкфурт и FABB Fashion Acceleratior – Vienna, беше покажана целисходноста за иницирањето на проектот, како и постигнатите цели и успеси веќе во првите фази од основањето на брендот во 2022 година.

Останатите две организации, Ековита – Неготино и Здружение за лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, соодветно, ги претставија своите проекти за одгледување на печурки во домашни услови, како шанса за зголемена работна способност на социјално ранливи групи граѓани и за создавање на 4 мали групни домови во регионот на Градско и Велес, кои ангажираат лица општествено исклучени за производство на природни производи од невен и лаванда.

За повикот на трите организации беа донирани средства во вкупна вредноста од 641.000 денари, што е досега највисока донирана сума во историјата на проектот – Донаторски кружок.

Настанот претставуваше прекрасна можност и за празнување на јубилејот на организацијата Конект – 15. години од основањето.  Честитки до Никица, Виктор, Сандра, Ирина и до целиот тим на Конект!

Донаторски кружок се одржа во кафулето Брик Бар, на кејот на Вардар.

Во прилог фото-галеријата од настанот.

Користените фотографии се од архивата на Конект и Донаторскиот кружок.

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.