Здружението Икуалити, кое се залага за афирмација на маргинализираните групи граѓани, почнува со кампања на серија на реални животни приказни наречени ZEN Story.
Во времиња кога можеби како никогаш претходно чувствуваме неизвесност за својата иднина и егзистенција, кога ни е потребна надеж и љубов, Cosense со поддршка од Здружението Икуалити, иницира кампања, каде преку серија на инспиративни животни приказни, ќе развиеме поразлична, позитивна перспектива и ќе се охрабриме да продолжиме да споделуваме добри дела и љубов.
Главна цел на кампањата е да биде зачеток на втората сезона на ZEN емисијата, емсија која успешно раскажува животни приказни на лица со мисија.
Првата сезона на емисијата може да ја погледнете тука: https://bit.ly/39fbaP2
Нашата визија за инклузивно општество за сите, продолжуваме да ја реализираме преку мисијата за инспирирање и мотивирање – насловена „Љубов, Сила, Слобода“.
Во рамките на ZEN Story, ќе се сретнете со лица со мисија и нивните семејства, кои преживеале големи животни предизвици, а денес се лица херои кои ги мотивираат другите со својата волја, храброст и борбеност за подобро утре.
Нивните приказни ќе може да ги следите преку нашите профили на Инстаграм cosense.me и на Фејсбук https://www.facebook.com/go4equality (Equality) и https://www.facebook.com/CoSenseCoaching/ (CoSense).
ZEN Story ќе се случуваат периодично на секои две недели.