Низ 50 настани на 5 локации и во 5 тематски денови четвртото издание на Инфјужн докажа дека е возможно да се создаде широка, општествена платформа за култура, уметност, едукација и забава.
Предпремиерата на почетокот на фестивалот го одбележа моќниот и трансформативен перформанс „SKIN“, на 11ти јуни во Театар Комедија, со изведба на австралиско-германското дуо Рене Шадлер и Роланд Волтер. Перформансот го проследија лица од театарската уметност, претставници на Министерство за култура, заедницата на организации за човекови права и поширока јавност.
Ден 1 - PERFORM
„Постојат многу начини за движење на телата, а идејата за танцот е многу сeопфатна и игрива. Се надеваме луѓето ќе најдат хармонија преку зближувањето на телата преку танцувањето“ – изјавија Рене и Роланд, кои овој перформанс за прв пат, пред 5 години, го изведоа во Берлин.
На вториот тематски ден посветен на театарската уметност, во Театар Комедија, се одржа и работилница „Танцување без умереност“. Предводена од Рене и Роланд поттикна соработка и забава преку танцот, и докажа дека уметноста е успешен медиум за меѓусебно осознавање и со-креација на лица со и без попречености.
Дом на театарските изведби и работилници беше Домот на култура „Биљана Беличанец“ и непосредниот Парк Македонија. Дечиња изработуваа маскотки од чорапчиња, се забавуваа на претставата во која Супер Вселенко и Супер Марио беа во потрага по роденденската торта, а дополнително уживаа и во инклузивната претстава на знаковен јазик „Ѕуница“.
На официјалното отворање беа доделени наградите „Шампиони на инклузија“, кои бележат особено влијание во општествената одговорност, учество во напредокот на процесот на инклузија и афирмација на човековите права. Наградите се доделени во 5 категории и тоа, Лице со попреченост – Еркан Ќаил(постхумно), Јавна личност – Андреј Ѓорѓиевски/ДНК(постхумно), Организација – Дневен центар ,,Доза среќа”, Амбасада – Република Полска, Компанија – Алкалоид, Општина – Центар.
Ден 2 - THEATRE
Во третиот тематски ден посветен на уметноста беа отворени две изложби. Изложени беа цртежи на дечиња од школите од општините Кисела Вода, Аеродром и Центар и поставката на дела од млади уметници на тема „Фузија“. Млади уметници се вклучија и во работилницата за цртање на заеднички мурал.
Ден 3 - ART
Четвртиот ден беше посветен на музичките уметности и започна со будењето со латино танци. Се одржа и работилница на тема „Како до успешна кариера во музичката индустрија“ со Петар Младеновски, а во вечерните часови следеше целоноќна музичка фузија на млади бендови, Tsar Von Time, Дактили, Занаду, Fiction. Настапија и Колектив Ветерница, Миа Перевска, Филип Николовски, а програмата ја заокружи Breakdown Band.
Ден 4 - MUSIC
Последниот ден на фестивалот посветен беше на друштвените игри и гејмингот, каде беа поставени нови концепти за креирање и прототипирање на игри. Страсните учесници на друштвени игри уживаа и во Dungeons and Dragons, а најмалите во играње игри на Плејстејшн.
Форумот на тема „Лавиринтите на системот“ ја оствари целта да се поддржат и поттикнат за понатамошно делување родителите на деца со попреченост во рамки на системот и „(Не)Пристапен град?“ за да се инспирираат нови промени како во рамки на институциите, така и со зголемување на капацитетите на организациите одговорни да иницираат промени.
За прв пат во Македонија беа толкувани на знаковен јазик и концерти, додека успешен сепокажа и настанот за музејски тури во Музејот на современата уметност со толкување на знаковен јазик за уживање во културата на лица со оштетен слух.
Ден 5 - GAMING / SPORT
Фестивалот Инфјужн со цел да ја поддржи заедницата создаде простор и за промоција на млади креативци, локални бизниси и организации во рамки на 4-дневниот базар.
Партнери на 4-то издание на Инфјужн – Фестивалот на инклузија беа Музејот на современата уметност, Театар за тебе, Допирна точка, организацијата ,,Доза Среќа”, Дом на кулутра ,,Биљана Беличанец”, Амигос – Железничка, Академија Рекреатива, Galactic Omnivore, E-Спорт федерацијата.