Пребарај

Светилник на различност и синергија – заврши првиот „Фестивал на инклузија“!

Во понеделникот, 24 октомври 2022, во “Тренд – Гастро Бар“, Скопје, од страна на „Здружението за афирмација на правата на лицата со попреченост-Икуалити“, беше организиран првиот „Фестивал на инклузија“.

На фестивалот кој започна со мисија за прославување на животот преку уметност, учество земаа студиото за танц „Еурека“, преку изведбата на инклузивната претстава „Рефлексија“, пијанистката Ема Ананиевска, како и инклузивниот хор „Трисомија 21“ и „Колектив Ветерница“. Фестивалот го поддржаа и Игор Џамбазов, Дани Димитровска и познатото дуо ДНК.

„Фестивал на инклузија“ е почеток на една позитивна приказна во овие непредвлидливи и предизивикувачки времиња, кој има за цел да ја разбуди емпатијата кај младите, да се oлесни размената на искуства и да се укаже на важноста од почитување на меѓусебните различности.

Ова е само почеток на една традиција која ќе биде отсликување на емпатија и срдечност меѓу сите учесници во општеството.

Сите оние кои сакаат да помогнат и пружат поддршка, тоа може да го направат преку официјалниот сајт на Здружението – организатор и неговата продажба во хуманитарни цели и целите за организација за наредните настани кои ќе се одвиваат низ целата земја: https://www.equality.agency/shop

Погледнете ја фото-приказната (авторство на Алтај Сулејман):

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.