Пребарај

Отворен повик за волонтери за модната ревија – Инклузивно ZEN* Soirée

Здружението Икуалити го објавува повикот за пријавување на волонтери за културниот настан ZEN* Инклузивно Soirée, кој ќе се одржи на 25 септември 2024 год. во Музеј на современата уметност во Скопје.

Волонтерското учество опфаќа ангажман во период од 24 до 26 септември и предвидува учесто во организација и спроведување на активностите пред, за време и по настанот.

Повеќе информации за настанот ZEN* Инклузивно Soirée може да добиете на нашите профили на Инстаграм или Фејсбук.

Заинтересираните лица на возраст од 18 до 25 години можат да се пријават за учество преку формата подолу или на електронска пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на име, презиме, возраст, контакт број и кратка биографија.

Со учество во културниот настан ZEN* Инклузивно Soirée, волонтерите ќе имаат можност да ги унапредат своите комуникациски вештини, како и вештините за организација и имплементација на настани, а по завршувањето истите ќе се здобијат и со сертификат за учество и придонес кон успешно спроведување на настанот.

Краен рок за пријавување е заклучно со 10 септември 2024 година.

Пријава за волонтер:

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.