Пребарај

Отворен повик за работилница бакокрез – Магијата на Преспа

Здружението Икуалити ве поканува на учество во првата работилница “Духот на традицијата”, предводена од Здружението Иднина на традицијата како дел од проектот “Магијата на Преспа”.

Проектот „Магијата на Преспа“ има за цел да развие нови туристички производи кои ќе ја трансформираат туристичката понуда и ќе допринесат кон обновување и одржување на потенцијалите и ресурсите на Преспанскиот регион, развивајќи поширока и модерна туристичка понуда за различен тип на туристи и посетители, како и подигнување на квалитетот на живеење и за локалното население.

Датум: 16.05.2026 (сабота)

Време: 11:00-13:00 ч.

Место: Ресен – Плоштад Цар Самоил – Сувенирница на Здружението Иднина на традицијата

ШТО НУДИМЕ?

 -Запознавање со портфолиото и активностите на ЗУ Иднина на традицијата

 -Разгледување на сувенирницата

-Презентација на старите занаети во Преспа

-Теоретско запознавање на техниката на гравирање на бакар „БАКРОРЕЗ“

-Изработка на магнети и сувенири од бакар

 -Дружење помеѓу учесниците

– Интеграција и соработка меѓу лица со и без попреченост

КАКО ДА СЕ УЧЕСТВУВА?

Работилницата е отворена за деца и млади од 6 до 18 годишна возраст. Пријавете се на е-пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано од родител/старател, да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот.  

Краен рок за пријавување заклучно со 13.05.2026 година

Повеќе информации за работилницата и за проектот „Магијата на Преспа“ може да добиете на нашите профили на Инстаграм и Фејсбук.

Ве очекуваме, заедно да го зачуваме уметничкото и занаетчиското наследство!

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.