Пребарај

Отворен повик за волонтери за 3. Фестивал на инклузија

Здружението Икуалити и Здружението Визија Плус го отвораат повикот за пријавување на волонтери за 3.Фестивал на инклузија, поддржан од Општина Кисела Вода, кој ќе се одржи од 20 до 23 јуни 2024 год. на локација: Парк Македонија | Дом на култура „Билјана Беличанец”, Општина Кисела Вода.

На следниот линк заинтересираните лица на возраст од 16 до 25 години може да ја погледнат целосната програма: > Програма на 3. Фестивал на инклузија <

Ве покануваме да се пријавите за учество подолу или на електронска пошта equalityskopje@gmail.com или info@vizijaplus.com со посочување на име, презиме, возраст, контакт број.

Краен рок за пријавување е заклучно со 15 јуни 2024 година.

Пријави се за волонтер:

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.