Преспански аванТУРИ
Вози. Доживеј. Поврзи се со Преспа.
15 август 2026 | 09:00 часот | Претор
Придружете ни се на Преспански аванТУРИ – инклузивна велосипедска тура што ги спојува природата, рекреацијата и одржливиот туризам. Настанот е дел од проектот Магијата на Преспа и го промовира новиот пункт за изнајмување адаптирани велосипеди за лица со попреченост во Ресен, кој ќе остане достапен и по завршувањето на проектот.
Рута
Претор раскрсница→ Претор Плажи → Сливница плажи → Претор плажи
По турата следуваат пикник, дружење и презентација на адаптираната велосипедска опрема.
Кој може да учествува?
Настанот е отворен за сите љубители на природата и велосипедизмот, вклучувајќи лица со попреченост. Целта е да покажеме дека активниот туризам може да биде достапен за секого.
Регистрација
Учеството е бесплатно, но потребна е регистрација.
Пријавете се:
- онлајн преку формуларот подолу;
Што да понесете?
- велосипед (доколку користите сопствен);
- удобна спортска облека и обувки;
- вода;
- заштита од сонце.
Доколку ви е потребна адаптирана опрема или дополнителна поддршка, наведете го тоа во пријавата.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Дали учеството е бесплатно?
Да.
Дали можам да дојдам со сопствен велосипед?
Да.
Дали има обезбедена адаптирана опрема?
Да, во ограничен број. Означете ја потребата при регистрацијата.
Дали рутата е тешка?
Не. Станува збор за рекреативна тура со организирано водење.
Што ако врне дожд?
Организаторите навремено ќе ги известат учесниците за евентуални измени.
Организатор: Здружение Икуалити | Локален партнер: Здружение Иднина на традицијата – Ресен
Пријавете се и бидете дел од првото издание на Преспански аванТУРИ!
_________________
Проектот е дел од програмата #EUforPrespa, поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, a реализирана од УНДП во партнерство со другите вклучени страни.