Пребарај

Отворен повик за работилници на 3. Фестивал за инклузија

Здружението Икуалити и Здружението Визија Плус го отвораат повикот за учество на работилниците кои ќе се одржат во рамки на 3.Фестивал на инклузија, поддржан од Општина Кисела Вода, од 20 до 23 јуни 2024 год. на локација: Парк Македонија | Дом на култура „Билјана Беличанец”, Општина Кисела Вода.

Првата работилница – Детска работилница – Од отпад до украс – дојди да правиме фигури и украси  (21.06 и 22.06 од 11:00 -13:00, Парк Македонија, Кисела Вода) во која учество ќе земат лица со и без попречености, на возраст од 5 до 15 години со нивни придружници.

Втората работилницаНие сме супер-хероиправиме детски наметки I дел (21.06 и 22.06 од 13:00 -15:00), Парк Македонија, Кисела Вода, Парк Македонија, Кисела Вода во која учество ќе земат лица без попреченост и лица со попреченост со нивни придружници, на возраст од 6 до 16 години.

Третата работилница – Ние сме супер-херои – правиме детски наметки II дел (22.06 од 13:00 -15:00, Парк Македонија, Кисела Вода) инклузивна работилница за деца и млади со и без попреченост на возраст од 6 до 16 години.

Четвртата работилница – Испробај се – кошарка во колички! (21.06, 22.06. 23.06 од 11:00 – 18:00, Парк Македонија, Кисела Вода) за сите заинтереисрани деца, млади и повозрасни на возраст од 14 до 55 години.

Петата работилница – Танцувај со нас – работилница за деца со Танцово студио Еурека (23.06 од 13:00 – 14:00 часот, Парк Македонија, Кисела Вода).

Ве покануваме да се пријавите за учество подолу или на работилниците на електронска пошта equalityskopje@gmail.com или info@vizijaplus.com со посочување на име, презиме, возраст, контакт број, и за која од трите работилници пријавувате учество, и доколку лицето е придружувано – име и презиме од придружникот.

Краен рок за пријавување е заклучно со 18 јуни 2024 година.

Пријавете се за работилниците:

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.