Пребарај

Отворен повик за работилници на 2. Фестивал за инклузија

Здружението Икуалити и Здружението Визија Плус го отвораат повикот за учество на работилниците кои ќе се одржат во рамки на 2.Фестивал на инклузија, поддржан од Општина Кисела Вода, од 7 до 10 септември 2023 год. на локација: Парк Македонија | Дом на култура „Билјана Беличанец”, Општина Кисела Вода.

Првата работилница – Детска работилница – цртање на тема „Што е среќа?” ќе се одржи на 8-ми септември од 10:00 ч. до 12:00 ч. и на 9-ти септември од 10:00 ч. до 12:00 ч., во која учество ќе земат лица со и без попречености, на возраст од 5 до 15 години со нивни придружници.

Втората работилница  – „Учиме балет“ – работилница за млади и деца ќе се одржи на 8-ми септември од 12:00 ч. до 14:00ч. во која учество ќе земат лица без попреченост и лица со попреченост со нивни придружници, на возраст од 6 до 16 години.

Третата работилница – „Цртаме саксиички и садиме цвеќенца“ – инклузивна работилница за најмладите ќе се одржи на 8-ми септември од 14:00 ч. до 16:00 ч. и 9-ти септември од 13:00 ч. до 15:00 ч., во која учество ќе земат лица со и без попреченост на возраст од 6 до 16 години.

Ве покануваме да се пријавите за учество подолу или на работилниците на електронска пошта equalityskopje@gmail.com или info@vizijaplus.com со посочување на име, презиме, возраст, контакт број, и за која од трите работилници пријавувате учество, и доколку лицето е придружувано – име и презиме од придружникот.

Краен рок за пријавување е заклучно со 8 септември 2023 година.

Пријавете се за работилниците:

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.