Пребарај

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА АРТ-ТЕРАПИЈА

Здружението Икуалити и Здружението Иднина на традицијата ве покануваат на учество во втората работилница „Вдиши уметност“, како дел од проектот „Магијата на Преспа“.

Проектот „Магијата на Преспа“ има за цел да развие нови туристички производи кои ќе ја трансформираат туристичката понуда и ќе допринесат кон обновување и одржување на потенцијалите и ресурсите на Преспанскиот регион, развивајќи поширока и модерна туристичка понуда за различен тип на туристи и посетители, како и подигнување на квалитетот на живеење и за локалното население.

Датум: 12.12.2026 (сабота)

Време: 11:00-13:30 ч.

Место: Ресен – Плоштад Цар Самоил – Сувенирница на Здружението Иднина на традицијата

ШТО НУДИМЕ?

-Запознавање со концептот на арт-терапија и нејзината улога во личната благосостојба

-Креативно и релаксирачко искуство во инклузивна групна атмосфера, интеграција и соработка меѓу лица со и без попреченост

-Работа со различни уметнички техники

-Инспирација од природните ресурси и убавините на Преспанскиот регион

-Поттикнување на лична експресија, креативност и емоционална релаксација

-Дружење, поврзување и заедничко творење меѓу учесниците

КАКО ДА СЕ УЧЕСТВУВА?

Работилницата е отворена за деца и млади од 6 до 25 годишна возраст. Пријавете се на е-пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано од родител/старател, да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот. 

Краен рок за пријавување заклучно со 06.12.2026 година

Повеќе информации за работилницата и за проектот „Магијата на Преспа“ може да добиете на нашите профили на Инстаграм и Фејсбук.

Ве очекуваме, заедно да креираме простор кој негува благосостојба, поврзување и заедништво!

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.