fbpx

Повик за учество во Новогодишна бајка на шарени различности

Ве покануваме да се пријавите на нашиот настан за доделување на новогодишни пакетчиња за дечиња со попречености организиран од Здружението ИКУАЛИТИ.

Настанот ќе се одржи на 29.12.2023 година од 11 часот, на ул. Матеја Матевски бр.22, во лоби на кула Б и истиот е наменет за дружење и доделување на новогодишни пакетчиња на дечиња до 13 години. Ќе проследиме новогодишна претстава, ќе цртаме и ќе правиме новогодишни капчиња!

Доколку сакате да бидете дел од овој настан, можете да се пријавите со испраќање на маил до equalityskopje@gmail.com во кој ќе назначите: име и презиме на детето и родителот/старателот, возраст на детето и податоци за контакт (е-пошта, телефонски број).

Рокот за пријавување трае до 24.12.2023 година.

*Поради ограничениот капацитет на просторот за настанот, ќе бидете информирани за вашето учество на 25.12.2023.

Ве очекуваме да ни се придружите да создадеме една заедничка магична новогодишна забава!

Информацијата не чини ништо, а неинформирањето може да чини и човечки живот!

Дали мислиш дека сме рамноправни?