Пребарај

Насмевки и љубов на најзабавната и најинклузивната новогодишна забава

Се одржа НАЈПРЕКРАСНАТА, НАЈЗАБАВНАТА и НАЈИНКЛУЗИВНАТА ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА во организација на Здружението ИКУАЛИТИ и со поддршка од Скопје Сити Мол .

Новогодишната инклузивна забава, во организација на Здружението Икуалити и со поддршка на Скопје Сити Мол, на 27 декември 2024 година, успешно ја исполни целта преку интегративните содржини да поттикне забава на сите поколенија и споделување прекрасна енергија кај децата со и без попречености.

Преку овој настан, која ќе прерасне во традиција, Здружението Икуалити има за цел да стави фокус на создавање на платформа за промоција на еднакви можности и отворено општество. Истиот претставува позитивен пример за соработка помеѓу Здружението Икуалити, заедницата на лица со попреченост, посетителите и поддржувачите општествено одговорната компанија – Трговскиот Центар Скопје Сити Мол.

На Новогодишната инклузивна забава, која се одржа на 27.12.2024 година, со почеток од 10 часот, заедно креиравме празнична магијасе дружевме со единствениот Дедо Мраз во количка, се забавуваме со музика, танцувавме и проследивме претстави испраќајки ја старата и поздравувајќи ја новата година.

Незаборавното празнично искуство ја збогатија дечињата од ДСУ „Св. Наум Охридски“ преку учеството на работилницата за цртање, пишување пораки и украсување на новогодишната елка, додека музичко – забавна програма опфаќаше учество и настапи на членовите на Доза Среќа“, забавна програма со Петко и Пет Плус фамилијата, Мијата, Космонаутко и славејчиња, Марија Савеска, Веселите Ирваси“.

Преку прекрасната празнична атмосфера, споделената љубов, забава и смеа ја поздравиме 2024 година, и испративме позитивни пораки во пресрет на новата 2025 година.

Здружението Икуалити срдечно ви ја честита 2025 годишна со искрени желби за мир, љубов и благосостојба!

Сите заедно да ја славиме инклузијата и животот!

Погледнете ја фото-галеријата во прилог (фотографии од тимот на Икуалити).

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.