„Вклучи, не исклучувај“, Социјална инклузија, предзвик на 21-от век, е проект инициран од Плакарт – Здружението на графички дизајнери, а реализиран во соработка со Икуалити – Здружението за етаблирање и промоција на правата на лица со попреченост.
Овој проект беше реализиран во неколку фази и вклучуваше конкурс за плакат и off-town работилница – како финале – патување за авторите на најдобрите 7 плакати до регионот на Преспа и Охрид, кои заедно со менторите, експерти по графички дизајн и комуникации од Македонија, Швајцарија одржаа 10-дневна работилница. Плакатите од работилницата, заедно со плакатите кои земаа учество во конкурсот беа изложени на посебна изложба и се дел од специјално подготвениот каталог, во рамки на 12то издание на Скопје постер фестивалот.

Агендата Европа 2020 на ЕУ, Програмата за акција на Светскиот самит за социјален развој и Одржливите цели за развој на ООН, се само дел од документите кои ги третираат прашањeто на социјалната ексклузија, со кој е предвидено луѓето со попреченост да бидат поддржани и вклучени во социјалните и општествените текови, а со тоа да се намали ризикот од нивна маргинализација.
Плакатот, како медиум низ историјата безкомпромисно и цврсто делувал врз подигање на свеста и силно влијаел врз процесите за креирање на промени, историските пресврти. Плакатот е моќна алатка, која Плакарт и Скопје постер фестивалот измината декада ја промовираат и етаблираат во земјава и во светски рамки.
Победници на конкурсот „Инклузија, не ексклузија“: Денис Несмејанов (РУС), Еце Батур (ТУР), Едуардо Рибеиро (ПОР), Лука Прстојевиќ (СРБ), Стефан Симоновски (МКД), Теодора Младеновска (МКД), Клаудиа Заблоцка (ПОЛ), Џина Парк (ПОЛ).
Како најава за изложбата на финалиситите од конкурсот, а со цел подигање на свеста за нивната рамноправна улога во општеството, дечиња од Посебното основно училиште „Иднина“ цртаа со искористување на различни техники Во рамки пак на работилниците во Преспа менторите, заедно со учесниците/победниците го посетија центарот Општо-корисна работа во Ресен, каде се дружеа и заедно цртаа, пееа и се дружеа со дечиња на возраст од 5 до 15 години.
Во рамки на проектот беше иницирана и кампања за промоција на правата на маргинализираните групи во кои учество земаа активисти од невладиниот сектор, како Антонио Михајлов, Субверзивен фронт – Здружението за сексуални и родови малцинства, Ема Ананиевска – пијанист и лице со попреченост во видот и Сибел Бајрам, Здружение на жени Ромки „Лачо диве“.
Проектот беше поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија.
Победнички плакати
Теодора Младеновска, МКД Џина Парк, ПОР Лука Прстојевиќ, СРБ